Ќе се гради подземна улица под кејот на Вардар, се бара изведувач
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2013 19:54
Градот Скопје го објави јавниот повик за избор на изведувач за изградба на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплекс банки до мостот Гоце Делчев, под кејот на реката Вардар. Подземната сообраќајница ќе биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја.
Според јавниот повик, сообраќајницата почнува со кружен тек кај мостот „Гоце Делчев“, потоа оди под земја и излегува во близина на Транспортниот центар, каде што треба да се направи уште еден кружен тек на вкрстувањето на булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварите „Кочо Рацин“ и „Кузман Јосифовски Питу“.
Инаку како што детално стои во повикот, предмет на изградба ќе биде подземна сообраќајница од булеварот Кузман Јосифовски-Питу со раскрсницата со улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, од булеварот Кочо Рацин преку кејот „13-ти Ноември“ и раскрсницата со булеварот „Илинден“ и булеварот „ВМРО“ и трасата на сообраќајниот коридор до булеварот „Партизански одреди“ преку булеварот „ВМРО“ и дел од булеварот „Илинден“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





