05 Декември, 2025
0.0547

Само проектот за новите фасади на “Македонија“ и “Димитрие Чупоски“ чини 160 илјади евра

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013 08:00

Добивај вести на Viber

Градот Скопје и Трговското друштво за производство, трговија, инженеринг и градежништво Архитектоника ДООЕЛ од Скопје склучија договор во непосредна спогодба “тежок“ 160.000 евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Фирмата за овие пари најдоцна до јули годинава ќе треба да изработи основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на градот Скопје на улиците „Македонија“ и “Димитрие Чупоски“, според веќе избраното идејно решение на авторот Жарко Чаушевски. Склучувањето договор во постапка со преговарање без објавување оглас од Градот Скопје ја праваат со тоа што “кога предметниот договор следува по спроведување на конкурс за избор на идејно решение, се доделува на најдобро рангираниот учесник или на еден од најдобро рангираните учесници“. Во изработката на основен проект со вклучена ревизија на реконструкцијата на фасадите на овие две улици во центарот на Скопје, покрај Архитекторника ДООЕЛ ќе се вклучи и битолското Друштво за производство, трговија и услуги ПРОИНГ Љубе ДООЕЛ увоз-извоз. Оваа компанија Градот Скопје ја ангажира за речиси 30.000 евра, исто така во постапка со преговарање, без објавување на оглас. Оваа фирма на располагање ќе има 4 месеци за да го изработи она на што се обврзала пред градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Битолската фирма ќе го изработува основниот проект врз основа на веќе одбраното идејно решение за изгледот на фасадите на зградите на овие две улици, од страна на свторот Звонко Ставревски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип