Ќе се обнови домот „Ѓорче Петров“
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2013 19:28
Во наредните неколку месеци ќе се сменат сите прозорци и врати во пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“, а истовремено ќе се работи и на комплетно нова анализа за изработка на нова инсталација за парно греење.
Ова денеска го изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој заедно со директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Беким Незири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски го посетија пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“.
Ристовски потенцира дека како најголем проблем во пензионерскиот дом биле посочени старите врати и прозорци, како и старата инсталација за парно греење. Тој посочи дека со реализацијата на овие проекти ќе се задоволат потребите за пензионерите во овој пензионерски дом, кој, како што рече, секогаш е во полн капацитет, а ќе се обезбеди и одредена финансиска заштеда.
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Беким Незири информираше дека Фондот веќе почнал јавна набавка. Тој посочи дека задутре ќе се избере најповолниот понудувач во врска со прозорци и ролетни, а по осум дена, согласно законските прописи и правила, ќе се отпочне со замена на сите прозорци и ролетни. Тој додаде дека промената на комплетната опрема за греење се очекува да почне за два месеци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија





