05 Декември, 2025
0.1080

Ќе се реконструира Одделот за здрави деца во Поликлиниката Букурешт

Објавено во: Македонија 13 Март, 2013 13:16

Добивај вести на Viber

На Одделот за здрави деца во Поликлиниката Букурешт во Скопје е предвидена реконструкција и санација со Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа Здравствен дом-Скопје, ЕВН Македонија и Националната фондација за трансплантација во рамки на напорите за зголемување на превенцијата на децата од најрана возраст. Во реконструкцијата е предвидено менување на подот, санитарниот јазол и внатрешно уредување, како и поставување нови прозорци и нов мебел, кој треба да заврши за три месеци.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, Тања Баевска Вучковиќ рече дека во сегментот на примарната здравствена заштита се носители за превентивата која ја реализираат преку вакцинација и систематски прегледи на децата од предучилишна возраст.

- Вакцинацијата има посебно значење бидејќи тимовите кои се вклучени во реализацијата на овој процес се залагаат за висок опфат на реализација и сето тоа изминатиот период успешно го постигнавме. Во текот на минатата година околу 8.000 деца се вакцинирани, а во советувалиштето во Поликлиниката Букурешт, кое е едно од првите и најстарите, на годишно ниво се прикрепени околу 500 деца, додаде Баевска Вучковиќ.

Ленче Карпузовска, менаџер на Одделот за комуникации во ЕВН Македонија рече дека тие во континуитет поддржуваат проекти кои се во интерес на заедницата.

- Секогаш сме поддржувале проекти каде што во фокусот се децата како што е и овој проект. Се надевам дека за многу брзо време откако ќе се реконстуираат просториите во еден нов амбиент децата во иднина ќе можат да се имунизираат и во една почиста и здрава средина за да се избегнат дополнителни заболувања, посочи Карпузовска.

Владимир Чадиковски, претседател на Националната фондација за трансплантација истакна дека станува збор за одличен проект кој го почнуваат во Букурешт со кој ќе го подигнат нивото на здравствен третман на децата пред се на нивната имунизација. Посочи дека со проектот ќе бидат опфатени 14 диспанзери во Скопје и изрази уверување оти во одреден период заедно со ЕВН ќе успеат сите диспанзери да ги подигнат на високо здравствено ниво.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски