Добивај вести на Viber
Со мотото„Да помогнеме на време", започна националнанта донаторска кампања за формирање на Детски ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Целта на кампањата е да се соберат 55.000 евра со кои ќе се реконструира Клиниката каде се сместуваат децата од новороденчињата, па се до 18 годишна возраст.
Ургентниот центар ќе биде сместен на првиот кат во Клиниката, а според плановите ќе има површина од 130 квадратни метри. Со проектот се предвидени повеќе фази: реновирање и адаптирање на просторот, спрведување и инсталирање на електрична инсталација, вентилација, водовод, канализација и систем за медицински гасови.
„Со изградба на детскиот ургентен центар ќе ги надминеме сегашните проблеми, а сепак постојат, се големи и наталожени, а со тек на време стануваат се поголеми и поголеми", изјави Координаторот на кампањата е д-р Аспазија Софијанова.
Партнери во спроведувањето на кампањата се невладината организација „Линк Акрос", Мери Џ. Волерс, сопруга на американскиот амбасадор во Скопје, холандската амбасадорка Мериет Шурман и маркетинг агенцијата „Њу Момент".
Во текот на националната кампања средствата ќе се собираат по пат на текст пораки(јавувања) на телефонскиот број 14321, а на 2-ри арпил во Младинскиот културен центар ќе биде организирани Донаторски гала настан за собирање на средства.