20 Декември, 2025
0.0500

Кабинетот на Ципрас, со мали промени и без изненадувања

Објавено во: Балкан 23 Септември, 2015 09:53

Добивај вести на Viber

Со мали измени и без изненадувања е составот на вториот кабинет на новиот стар премиер на Грција, Алексис Ципрас. Минути пред полноќ лицата во Владата беа претставени од портпаролот Олга Геровасили, која ја задржува функцијата, наведува англиското издание на „Катимерини“.

„Та неа“ додава дека најавата беше претерано успорена со часови поради пазарење за министерските фотелји во коалицијата, која ја формира новото парламентарно мнозинство (иако парламентот уште не е свикан).

Министрите ќе се заколнат во 10:30 денес, а неколку часа подоцна премиерот Алексис Ципрас ќе замине на прва официјална посета на Брисел. Таму тој ќе учествува во вонредниот Европски совет посветен на кризата со бегалците.

Пред тоа сепак новиот премиер на Грција ќе има и средба со претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. Темата не е позната, но веројатно ќе е поврзана со обврските на „СИРИЗА“ предвидени за краткото време до првиот преглед на спроведувањето на третиот спасувачки план за Атина.

Еден од најголемите прашалници за време неколкуте часа преговори помеѓу раководствата на „СИРИЗА“ и „ANEL“ за составување на влада било дали ќе одбие Евклидис Цакалотос да го предводи повторно Министерството за финансии на земјата. Министерот за финансии, во првата влада на Ципрас ги водеше преговорите со доверителите за третата спасувачка програма, но е дел од т.н. опозициона „Група 53“ во „СИРИЗА“, која не е против договорот, но пак не ги поддржува некои од мерките.

Гласините покажуваат дека тој одбива повторно да ја преземе функцијата, што требаше да биде сериозен удар за намерите на Алексис Ципрас да ги води преговорите за прецизирање на условите за договорот. На крајот сепак Цакалотос ќе биде министер за финансии и во новата влада.

Негов заменик кој ќе одговара за Трезорот, ќе биде шефот на преговарачкиот тим и министер за финансии во службената влада - Јоргос Хулиаракис. Тој ќе го заменува Димитрис Мардас, кој сепак ќе биде заменик-министер во Министерството за надворешни работи.

„Катимерини“ забележува дека во вторникот, кога се водеа преговорите за новиот кабинет, во Грција се распространуваа различни гласини за неговиот состав. Еден од нив гласеше дека Хулиаракис ќе го предводи новото министерство кое ќе биде одговорно за координација на Владата и кредиторите за спроведувањето на спасувачката програма. Во новиот кабинет сепак нема сличен пост.

Министерски места задржуваат уште министерот за економија Јоргос Статакис, кој исто така имаше водечка улога во преговорите со тројката. Во Министерството за економија ќе има двајца нови заменик-министри - Алексис Харстис ќе одговара за управувањето на субвенциите од ЕУ, а Теодора Цакри - за индустријата.

Во новиот кабинет на Ципрас ќе има и уште еден министер од службениот кабинет - Јанис Музалас кој ќе ја добие улогата на министер за миграциска политика. Потсетуваме дека во разговорите со службениот премиер Василико Тану новиот премиер ги пофали напорите на службената влада за справување со бегалскиот бран што очигледно влијаело за да ја добие и функцијата на Музалис.

Министер за надворешни работи останува Никос Коциас, а лидерот на коалицискиот партнер „ANEL“ - Панос Каменос, ќе ја задржи функцијата на министер за одбрана. „Независните Грци“ ќе имаат уште двајца претставници во владата - Теренс Куик ќе биде зам.- министер за државната администрација, а Елена Кунтура ќе одговара за туризмот. Министер за државната администрација останува најблискиот соработник на Алексис Ципрас, Никос Папас.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација