20 Декември, 2025
0.0948

Кацин: Германија нема нови услови за Србија

Објавено во: Балкан 20 Септември, 2013 18:29

Добивај вести на Viber

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин денеска се сретна со српскиот министер без ресор задолжен за евроинтеграции Бранко Ружиќ и со шефот на српскиот преговарачки тим со ЕУ, Тања Мишчевиќ, порача дека Србија треба да верува во своите капацитети, да има самодоверба и да не се прашува секое утро за нови услови. Според Кацин,  не му е познато дека  постојат нови германски услови за натамошната евроинтеграција на Србија. „Не ми се познати никакви нови услови од страна на Германија. Условите ги поставува Европската комисија и сметам дека Србија од своја страна покажа дека е доследна. Ова е непотребно драматизирање“, посочи Кацин.Запрашан за тоа дали е точно дека првите поглавја кои ќе мораат да бидат отворени и затворени се 23, 24 и 35, кое се однесуваат на Косово, Кацин одговори дека уште пред една година било договорено преговорите за Косово да бидат неутрални. „Не можеме пред да ги отвориме преговорите за што било друго, да го отвориме поглавјето 35 и да расправаме за Косово“, вели известувачот на Европскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација