05 Декември, 2025
0.0412

Каде е најдобро да купувате недвижности?

Објавено во: Анализа 12 Април, 2014 09:29

Добивај вести на Viber

Канцелариите остануваат најголема  предност на инвеститорите, проследено со логистичките центри, трговски центри и станбени недвижности. Најважен раст сепак забележува интересот за индустриските имоти. А каде е најдобро да се инвестира? Западна Европа е најатрактивен регион за инвестиции во комерцијални недвижности оваа година, покажуваат податоците на анализата од прочуената  консултантската компанија CBRE, спроведена меѓу близу  400 инвеститори - фондови компании за приватен капитал, пензиски фондови, осигурителни компании, јавни претпријатија за инвестиции во имот и други. Скоро три четвртини од испитаниците изјавиле дека планираат да инвестираат во Западна Европа во текот на годината.  Повеќе силната доверба во регионот се должи на подобрувањето на економските услови и намалувањето на несигурноста, се истакнува во извештајот. Вториот најатрактивен регион  за учесниците во студијата е Централна и Источна Европа. Уделот на инвеститорите, кои се насочени кон него сепак, е намален малку од околу 18 отсто до 14 отсто. Значително е намален интересот за Северна Америка и Азија, иако од инвеститорите кои планираат експанзија надвор од Европа, САД и утврдените азиски економии се најпосакуваните за инвестиции во комерцијални недвижности. Резултатите од истражувањето покажуваат познати дислокации во опциите на инвеститорите во споредба со минатата година. Велика Британија се појави како најатрактивната држава, следена од Германија, која минатата година ја држеше лидерската позиција. Третата позиција е за Шпанија , имајќи го предвид и најсилниот раст на инвеститорскиот интерес кон земјата. Се намалува сепак интересот кон Полска , Франција , Скандинавските земји , како и другите земји од Централна и Источна Европа . Испитаниците го дефинираат Лондон како најатрактивните град за инвестиции во комерцијални недвижности. Втората позиција е на Мадрид, кој  има  импресивен раст на интересот за можностите за инвестирање . Следат Берлин, Минхен, Париз, Амстердам, Даблин, Варшава, Хамбург и Барселона, каде што исто така е забележан значителен раст на интересот за инвестициите во комерцијални недвижности . Канцелариите остануваат најголема  предност на инвеститорите, проследено со логистичките центри, трговски центри и станбени недвижности. Најважен раст сепак забележува интересот за индустриските имоти. Од алтернативните средства најпопуларни меѓу инвеститорите се инвестициите во туристичката индустрија, во куќите за студентите во здравството, паркинзите, инфраструктурата и куќите за пензионери. Речиси половина од испитаниците изјавиле дека планираат да инвестираат во секундарни средства поради подобрените економски услови, ниските цени и недостатокот на првокласни средства на пазарот. Сепак како најголем ризик за пазарот на бизнис имот инвеститорите ги дефинираат веќе преценетите средства, затегнувањето на монетарната политика во САД и растот на каматата, мерките  за штедење во одделни земји, како и забавувањето на економијата. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени