КАДЕ ИСЧЕЗНУВААТ НЕВРАБОТЕНИТЕ?! – побрзо опаѓа бројот на граѓани кои не работат отколку што расте бројот на вработени

Објавено во: Економија 07 Март, 2024 07:28
Благ пораст на бројот на вработени лица, и малку поголемо намалување на невработените. Ова е грубиот заклучок од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивната анализа „Месечен статистики извештај“
Бројките говорат дека во четвртиот кватал од 2022 година имало 690.053 вработени лица, додека невработените изнесувале 112.227 лица. Веќе следното тромесечие или во првите три месеци од 2023 година имало 683.242 вработени и 104.403 невработени граѓани.
Во вториот квартал од 2023 година бројот на вработени се искачил на 689.714 граѓани, додека бројот на невработени паднал на 103.888 лица. Последниот кватал за кои се објавени податоци е третиот квартал од 2023 година кога биле вработени 692.768 лица, додека на списокот на невработени се нашле 102.134 граѓани.
Овие податоци покажуваат дека од четвртиот квартал во 2022 година, до третиот квартал во 2023 година бројот на вработени лица во Македонија се зголемил за 2.715 лица. Иако во меѓу време имало намалување на бројот на вработени, но потоа и нов раст, разликата меѓу состојбите пред една година е скоро три илјади лица примени на одредена работна позиција.
Од друга страна, кај бројот на невработени лица се забележува дека постојано има намалување на бројот на невработени, но не сите нашле работа, односно не сите се вработиле. Бројките покажуваат дека во споредба со четвртиот квартал на 2022 година бројот на невработени до третиот квартал минатата година се намалил за десет илјади граѓани.
Иако во овие бројки се однесуваат на популација од 15 до 64 години, и во нив тинејџерите најчесто не работат, односно до 18 години најголем дел се уште се опфатени во образовен систем, сепак, согласно европските стандарди опфатени се во анализите на статистичките бироа.
Во анализите на ДЗС нема појаснување на што се должи разликата меѓу бројот на вработени и бројот на невработени лица. Дали е ова резултат на зголемување на лицата кои заминуваат во пензија или пак како резултат на одливот на граѓани од нашата земја? Дека придонес кон намалување на невработеноста има иселувањето оддамна се пишува, но притоа не е направена анализа која ќе покаже колку граѓани годишно ја напуштаат земјата.
Први официјални податоци кои укажуваа на масовно заминување беа податоците од пописот направен пред некоја година, кој покажа колку многу граѓани изгубила Македонија изминативе години.
П.О.Можеби ќе ве интересира
СМЕДЕРЕВКА ОД МАКЕДОНИЈА ПРОДАВАНА КАКО ВРВНО ФРАНЦУСКО ВИНО, НАД 250 ЕВРА ПО ШИШЕ - енологот од Франција: Го мешаат со газирана вода и го пијат со плескавица на јаглен

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

КОЈ Е ШВАЈЦАРСКИОТ МИЛИЈАРДЕР КОЈ КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМСКИОТ КАНАЛ: Потрошија повеќе од 40 милијарди долари

Што да очекуваат акционерите на „Фершпед“ годинава?

САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ ВО НАЈГОЛЕМ СОЦИЈАЛЕН РИЗИК – над половината од нив се борат со сиромаштија
