КАДЕ МОЖE ДА СЕ ПАТУВА: Составена е листа на земји кои примаат туристи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Јуни, 2020
Си-Ен-Ен објави листа на држави во кои ќе може да патуваат туристите oваа година.
Бали ќе започне да ги прима туристите од октомври, под услов стапката на заразени да остане ниска.
Египет објави дека од 1 јули ќе бидат дозволени редовни меѓународни летови, а на странските туристи ќе им биде дозволено да доаѓаат во одморалиштата, кои најмалку се погодени од коронавирусот.
Во Франција официјалните лица јасно ставија до знаење дека земјата не брза да ги намали меѓународните ограничувања на границата. Патниците што влегуваат во земјава, освен државјани на ЕУ или патници од Велика Британија, мораат да бидат во задолжителен 14-дневен карантин најмалку до 24 јули.
Што се однесува до Грција, туристичката сезона започна на 15 јуни.
Исланд ја отвори границата за туристите на 15 јуни, а патниците сега имаат можност или да бидат тестирани при пристигнување за 100 евра или да достават доказ за неодамнешен тест со негативен резултат или да се согласат на двонеделна карантин.
Во Италија на патниците од ЕУ, заедно со Велика Британија и Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан, им е дозволено да влезат во земјата без карантин, почнувајќи од 3 јуни, што владата го опиша како „пресметан ризик“.
Портпаролот на Организацијата за туризам на Малдиви потврди дека дестинацијата ќе биде отворена за туристи од сите националности од јули.
Малта ќе ги отвори своите граници на посетителите од најмалку 17 држави на 1 јули.
Шпанија го премести датумот на повторно отворање, дозволувајќи им на патниците од ЕУ да влезат без да мора да одат во карантин две недели од 21 јуни.
Границите на Тајланд засега се затворени.
Tурскиот министер за туризам Нури Ерсој најавува дека земјата најпрво би можела да ја отвори границата за кинеските и јужнокорејските граѓани.
Во Кипар властите се нудат да ги покријат трошоците за сите патници кои се тестираат позитивно за Ковид-19 додека се на одмор во таа медитеранска островска држава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.