25 Април, 2024
0.0338

Каде оди Балканот по ветото на Макрон?

Објавено во: Македонија, Балкан 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Ветото на францускиот претседател, Емануел Макрон создава простор за геополитички разместувања на Балканскиот полуостров. 

Рускиот сојузник Србија сака да ја преземе иницијативата во Западен Балкан на сметка на НАТО и ЕУ, а францускиот претседател во јавноста зборува за нова визија во партнерството со Русија. Бугарија мора да ги продлабочи своите односи со Северна Македонија, стои во декларацијата на Евроатлантскиот центар за безбедност (ЕАЦБ), по ветото за старт на преговорите на Скопје и Тирана со ЕУ, пренесува БГНЕС.

Македонското општество се чувствува предадено од старата Европа, се наведува во текстот.  Понатаму се вели дека Владата на премиерот Зоран Заев презема внатрешно политички ризик, избори, и можно е на власт да дојде партија со антибугарска реторика. 

Бугарија и Македонија треба да ги продлабочат односите, не само политички, туку и преку инфраструктурно поврзување.

„По состанокот на Европскиот совет, српскиот претседател (Вучиќ), стратешките односи со Русија и Кина ги аргументираше токму со неможноста на ЕУ да ги исполни очекувањата на земјите од регионот. Тој јасно стави до знаење дека Западен Балкан не може да се потпира на ЕУ. И затоа ја започна иницијативата за „мал шенген“ со Албанија и Северна Македонија“, се нагласува во извештајот.

Така овој теоретски спор во Брисел, се предупредува во извештајот, може да има реални негативни последици за влијанието, безбедноста и позицијата на Бугарија на Балканот.

Сепак, деновиве бугарскиот премиер Бојко Борисов иако ја поддржува нашата земја на патот кон ЕУ, објасни дека Макрон всушност е во право и дека во Македонија има опозиција нема консензус со власта. 

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимониe изјави дека посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Македонија е неизвесна бидејќи земјата влегува во изборниот период. Макрон претходно најави посета на Тирана и Скопје. 

Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување