Добивај вести на Viber
Кире Наумов го предупреди владино министерскиот врв и банките дека учествуваат во криминално дело доколку дозволат задолжување со нова евробврзница тешка 650 милиони евра.
Според Наумов со најавеното издавање на еврообврзница на износ од 650 милиони евра, јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54% од БДП.
„Тоа се 5 милијарди евра на грбот на идните генерации“ вели Наумов.
Македонија досега издаде 4 еврообврзници. Оваа најавена е петта.
Првата со камата од 4.6% беше издадена во 2005-та кога министер за финансии беше Никола Поповски. Овие 150 милиони евра за враќање доспеваат догодина, за што делумно ќе бидат потрошени и сега земените пари.
Втората со камата од 9.8% беше понудена во 2009-та, во времето на Трајко Славески, а 175-те милиони евра беа вратени лани во јануари.
Македонија во 2014 издаде еврообврзница со која се задолжи со 500 милиони евра. Каматната стапка за враќање на позајмените средства беше 3,97 проценти на годишно ниво со рок на отплата од 7 години.
Во 2015 беа позајмени 270 милиони евра, а оваа 2016 година ќе се позајмат 650 милиони евра, што е најголем износ досега.
Вкупно досега од еврообврзница се земени 1 милјарда 740 милиони евра.
Експертите сметаат дека новаат еврообврзница може да биде проблем, затоа што е многу висока.
Доколку Владата ја задолжи Македонија со нови 650 милиони евра, тогаш тоа ќе се коси со буџетските документи, односно ќе се погази принципот на фискална дисциплина, вели економистот
Бранимир Јовановиќ.
“Според Буџетот за 2016 година кој што беше усвоен на крајот од лани се предвидуваше екстерно задолжување од околу 300 милиони евра меѓутоа најголем дел од тие пари веќе се обезbедија со издавање на претходната Еврообврзница“, вели Јовановиќ.
Таа значајно ќе влијае врз вкупниот јавен долг, смета еден од поранешните министри за финансии и екс
гувернер Петар Гошев.
“Во оној момент кога ќе легнат парите, односно доколу се реализира целото најавено задолжување од 650 милиони евра, состојбата со задолженоста ќе се влоши. Ние и сега, со нецелосни показатели, имаме Јавен долг од 45% од БДП. Со новото задолжуавње тој ќе се згоелми за 7 процентни поени, односно ќе надмине 52% од БДП“, вели Гошев.