Каде во Македонија во моментов има активни пожари?
Објавено во: Македонија 11 Август, 2021
Активни во земјата се три поголеми пожари и тоа близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица.
Според Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на Македонија има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола.
Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.
Над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај, пожарот е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот парк „Јасен“ нема интервенција од хеликоптери и може да навлезе во паркот. Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 припадници на Армијата, вработени во ШС „Јасен“ и НП Јасен, тројца пожарникари со едно противпоѓарно возило и армиски хеликоптер. Според информациите на ЦУК од теренот, доцна попладнево на ова подрачје почнало да врне дожд.
Во Прилепско активен е пожарот кај село Топлица од село Ракле кон село Крстец, но е со слаб интензитет. Екипите се справуваат со гасење во нискиот дел од село Ракле.
Активни се два пожари во Велешко и тоа кај Старо Градско и кај мотелот „Македонија“. И во двата пожари гори сува трева и во нивно гаснење интервенираат по тројца пожарникари со по едно противпожарно возило.
Пожар избувнал и на градската депонија во Виница, но опожареното место е под контрола. Интервенираат шест пожарникари со цистерни и двајца вработени од ЈП „Солидарност“ од Виница.
Два пожари има и на теритроијата на Општина Македонски Брод. Едниот е во атарот на селото Слатина, кој е локализиран, но има чадење во внатрешноста, каде интервенира екипа од ШС „Македноски Брод“. Вториот пожар кај село Девич, исто така, е локализиран, но и овде на терен е екипа од ШС „Македонски Брод“ со петмина вработени, како и тројца поѓарникари.
Пожарот кој се појави кај местото викано Бeјаз Тепе во Општина Пехчево и потоа се префрли во реонот на село Будинарци во Општина Берово е локализиран.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.