10 Април, 2025
0.0629

Кафанџиите тријат раце, Хрватите навалија на македонска ракија и вино!

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2012 19:28

Добивај вести на Viber

Престојот на хрватските навивачи во Скопје донесе и фудбалска атракција во главниот град, но и добри муштерии кои не штедат. Кафеанџиите од центарот на градот, каде се најмногу стационирани Хрватските навивачи велат дека тие пијат и јадат, и тоа главно македонски производи, а оставаат и добар бакшиш. Најмногу се нарачувала шопска, се јаделе ќебапи и други специјалитети на македонската кујна. Едноставната математика вели дека нивниот престој во Скопје добро ќе го здебели паричникот на сопствениците на дел од рестораните, особено оние во центарот на градот. Проценки се дека околу 1700 навивачи на хрватската репрезентација ќе потрошат близу 50 тина илјади евра при нивната еднодневна прошетка на Скопје, иако има и такви кои во Македонија се стасани уште пред неколку денови. На Хрватите да им посакаме среќен пат дома, со желба нивното расположение што го манифестираат секаде, да падне по вечерашниот дуел со нашите момчиња!

Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите