Кај 45 лица во земјава е утврден британскиот сој на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Февруари, 2021
Кај 45 лица во Македонија е утврден британскиот сој на коронавирусот.
Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.
„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес. Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (>400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај >50 од овие пациенти. Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници“, информираат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.Британскиот сој веќе го има во повеќе од 70 земји во светот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.