КАЈ ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД ТЕТОВО СЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ СЕ ПОЗИТИВНИ СО ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ: Во Македонија има и други варијанти, потврди Филипче
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2021
Според
информацијата која утринава министерот за здравство, Венко Филипче, ја добил од
Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, се прават анализи
за четири случаи од Тетово. Тие треба да се секвенционираат, рече министерот,
нагласувајќи дека лицата се суспектни на јужноафриканската варијанта.
-Тоа значи дека, ете, има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или нег. Утрово зборував со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во „Жан Митрев“ и нема информација дека има друг случај на делта варијантата, истакна министерот Филипче во просториите на Црвен крст каде што денеска беше отворен Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.