Како Алексис Ципрас ја откри Америка
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2015 11:12
Суштински бес направил новоизбраниот премиер на Грција, Алексис Ципрас во САД буквално недела по неговиот реизбор. Може да се каже дека голем број светски лидери и инвеститори веќе се запознати со потребата од преструктуирање на долгот на Грција и избегнатиот „Grexit“.
Само во рок од два дена за проблемите на нашиот јужен сосед од прва рака дознаа претседателот на САД Барак Обама, на Кина Си Дзинпин, како и на Бразил - Дилма Русеф.
Ципрас го објавил враќањето на стабилноста во Грција и ги повика инвеститорите да ја откријат земјата за време на дискусијата, предводена од Бил Клинтон. Му ветил на Бенјамин Нетанјаху дека ќе го посети Тел Авив до крајот на оваа година. Паралелно го поддржал и Махмуд Абас и посакал палестинската држава да живее во мир со Израел во рамките на меѓународно признатите граници.
Грчкиот премиер се обврзал пред државниот секретар на САД, Џон Кери и пред генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун дека ќе побара решение за името на Македонија.
Случајот всушност ги затегна добрите односи помеѓу Атина и Вашингтон и грчката делегација демонстративно го напушти настанот организиран по барање на Барак Обама за борба против џихадистите и „Исламска држава“. На форумот Македонија не беше претставена со името Поранешна Југословенска Република Македонија, со образложение дека уште во 2004 година САД ја признала земјата со нејзиното уставно име.
За Грција сепак темата со името на Македонија не е лесна студија на случај и Ципрас одбил учество во разговорите за борбата против тероризмот.
Тема за средбите на Алексис Ципрас во Њујорк на различни нивоа беше и бегалската криза. Тој нагласил дека над 300 илјади бегалци влегле во Грција од почетокот на оваа година, што влијае сериозно врз основната егзистенција на островите - туризмот. За време на самитот посветен на бегалците премиерот на нашиот јужен сосед коментирал дека ОН и меѓународната заедница треба да „ги удвојат напорите за решавање на конфликтот во Сирија и Либија и да се справат со тероризмот“ и дека „нема време за двоумење“.
За бегалскиот бран било разговарано и со турскиот премиер во оставка, Ахмет Давутоглу. Со него грчкиот премиер разговарал и за решавањето на кипарското прашање.
За краткиот престој во економското срце на САД грчкиот премиер најде време за да ги посети редакциите на „Wall Street Journal“ и „NY Times“, имал средби со своите сонародници кои ги замолил да инвестираат во земјата, независно од политичките настани организирани од Европската комисија .
Средбите во Њујорк сепак завршуваат и новоизбраниот премиер допрва има тешка работа за тешките реформи, за кои им кажа на своите колеги - промената во даночниот систем, намалувањето на пензиите и другите мерки кои треба да ги намалат јавните трошоци, побарани од кредиторите.
За време на состаноците во седиштето на ОН и во Њујорк Ципрас добил и уверување од генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гуру за поддршка во реализацијата на планираните реформи побарани од Европската комисија. А и ќе очекува поддршка од сите лидери, со кои разговараше во последните денови.
Бидејќи допрва ќе се зборува за реструктуирање на долгот, како и за создавање на нов фонд за приватизација, во кој ќе бидат собрани средства за 50 милијарди евра. Пред тоа, на 3 октомври, ќе биде свикан новиот парламент на земјата, а само неколку дена потоа министерот за финансии Евклидос Цакалотос ќе го поднесе буџетот за 2016 година. Тој ќе ги претстави и приоритетите на новата грчка влада пред претставниците на Еврогрупата на 5 октомври.
Значи може да се каже дека најбрзиот пат низ Њујорк ќе се покаже како непречена транзиција од заситена предизборна кампања кон секојдневните грижи на еден премиер во тешка криза на Грција.
(Обработка: Economist)
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




