20 Декември, 2025
0.0497

Како бегалската криза ја стави Турција во центарот на настаните?

Објавено во: Балкан 22 Септември, 2015 14:18

Добивај вести на Viber

Со строгата физиономија и очигледниот недостаток на добро расположение председателот Реџеп Тајип Ердоган барем не може да биде обвинет во отсуство на смисла за хумор, пишува „Financial Times“.

Застанал до Доналд Туск, претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ), кој уште се симнува од несогласувања по прашањето со бегалската криза, Ердоган го изговорил незамисливото: „Ние целосно ги поддржуваме квотите за мигрантите“. Тој додаде дека е „природно“ овој систем за споделување на товарот од бегалската криза да ја опфати и Турција. Земјата која веќе има прифатено над 2 милиони бегалци од Сирија.

Анкара всушност ја изјави во очите на ЕУ вистината за сигурноста на шемата за распределба на едвај 40 илјади луѓе помеѓу земјите од блокот. Брисел смета дека се соочува со бран на бегалци, а Анкара наведува дека тоа е само „браздичка“, која истекува во морето. Висок функционер на ЕУ коментира под услов на анонимност, дека претставниците на Турција буквално се насмеале во лицето на претставниците на ЕУ поради шемата за преразпределување на 40 илјади луѓе.

За односите помеѓу Турција и ЕУ за кризите имаат карактер на трансформирачка сила. Ердоган се смета за подносителот на претставката за Турција да биде примена во ЕУ, за ученик, чии автократски, лоши навики треба да се бламираат и менуваат. Сега меѓутоа Европа станува подносителот на претставката, со што се обидува да си го отвори патот кон Анкара во потрага по решение за бегалската криза.

Кога Туск се осмели да се сретне со Ердоган, за да разговараат на темата за бегалците и другите европски лидери го следеа. Германскиот министер наскоро ќе ја посети Турција, а и претставниците на други влади наскоро ќе му оддадат почит. Недели пред клучните избори во Турција пак самиот Ердоган ќе го посети Брисел. И сето тоа се разигрува во момент во кој Турција влегува во период на нестабилност поради конфликтот со Курдите.

Одамна ги нема деновите кога функционери на ЕУ би „обвластувале“ низ турските министерства, за да ги препишуваат законите. Опасноста е сепак ЕУ да не ја изгуби поголемата награда - стабилна демократија само до граница. Европа никогаш не беше толку ранлива на каприците на Ердоган, уште повеќе, дека Турција може да направи многу за оштетување на интересите на Западот, како и на сопствените.

ЕУ во моментов се отежнува со обезбедувањето на финансирање за бегалската криза. Јоханес Хан, комесарот за проширување, се обидува да собере 1 милијарда евра. Досега за бегалци во Турција се обезбедени 200 милиони евра, а самата Турција потрошила веќе 6 милијарди долари.

Ако Турција стане тампон зоната на ЕУ за бегалците, Анкара природно ќе инсистира на некои отстапки. Ердоган се соочува со дилемата дали да им обезбеди на Сиријците право да работат во Турција - решавачки чекор за намалување на атрактивноста на ЕУ. Дополнителни средства од ЕУ може да ја олеснат ситуацијата. Можно е и Брисел да се обиде да ја убеди Анкара да ја заостри контролата на своите граници, и да почне да ги гони шверцерите на луѓе и да воведе систем за регистрација на бегалците.

Списокот на желби на Турција најверојатно ќе биде предводен со дополнителни пари. За почеток Анкара најверојатно ќе побара и либерализација на правилата за патување во Шенген зоната.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација