16 Декември, 2025
0.0434

Како Централен регистар се брани од „Таргет груп“ додека го чека Обвинителството да реагира?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2021 07:50

Добивај вести на Viber

Централниот регистар досега во повеќе наврати успеал да издејствува поништување тендери на кои се јавил „Таргет груп“, а ги распишале државни институции за набавка на податоци. Државните институции експресно ги поништувале тендерите откако Централен регистар ќе извести дека „Таргет груп“ не смее да препродава нивни податоци!

Централниот регистар (ЦР), очекувајќи реакција од ОЈО, превземал мерки да ги заштити другите државни органи и институции, од според нив, злоупотребите на „Таргет груп“. Петта година го чекаат скопското обвинителство да преземе чекори по кривичната пријава од МВР поднесена во 2016 година. Конкретно, ЦР реагирал во случаи кога државни институции распишувале тендери на кои Таргет Груп ДОО се јавува како економски оператор кој ги нуди податоците кои исклучиво Централен регистар ги води во своите регистри.

При тоа, без исклучок, државните институции реагирале така што по реакцијата на ЦР ги поништувале постапките за набавка на такви услуги на кои се јавувал „Таргет груп“.

„Фактор“ ги очекува одговорите од скопското јавно обвинителство кои во значајна мерка треба да разјаснат дали има основа за кривично гонење на приватната фирма за која државниот Централен регистар тврди дека комерцијално ги злоупотребува т.е. препродава нивните податоци за кои тие се единствени овластени согласно со Закон за централен регистар да ги собираат, архивираат, чуваат и дистрибуираат.

Што е клучно за евентуалната злоупотреба?

Согласно член 14 од Законот за ЦР „податоците од Централен регистар можат да ги користат органите на државната управа, сите физички и правни лица, домашни и странски, освен ако за некои од нив поинаку не е определено со закон или со Договор”, што значи дека секој може да ги користи податоците со кои што располага ЦР, само доколку истите ги користи согласно Закон, потенцираат од ЦР и дополнуваат:

-Доколку се работи за поголемо множество на податоци, задолжително се склучува Договор за соработка и секој заинтересиран корисник може да ги добие истите, доколку ги прифати условите во Договорот.

 Во случајов на „Таргет груп“ Централниот регистар му го раскинал договорот токму заради неовластена редистрибуција на податоци, тврдат од ЦР и додаваат дека досега на Таргет Груп во два наврати им било овозможено да се јават како корисници на податоци и тоа во 2014 и 2015, за што биле склучени два договори и анекси на договорите. Согласно овие договори и обврските кои произлегуваат од истите, ЦР има доставувано податоци за листинг од обработена годишна сметка евидентирани во регистарот на годишни сметки (за околу 500 субјекти ), како и податоци за блокади на сметки на субјекти исклучиво за поединечни субјекти (за околу 2000 субјекти).

Како што објавивме од ЦР потенцираат дека „Таргет груп“ нуди услуги преку платформата „Бизнис Мрежа“ и при тоа незаконски како извор на податоците го наведува ЦР, што е спротивно на сите правни регулативи во државата, а се злоупотребува име на самостоен државен орган.

Како што веќе објавивме вчера  во текот на 2016 година утврдено е дека податоците на ЦР се предмет на препродажба односно комерцијално се злоупотребуваат (по спроведената анализа на количината на податоци кои се набавени од ЦР и оние кои се нудат на пазарот) од страна на ЦР било утврдено дека Таргет Груп ДОО на корисниците им нуди податоци во многу поголем обем од оние што ги презел од ЦР.  За ова, ЦР со допис го извести МВР, а во месец август 2016 година беше покрената истрага и ОЈО отвори предмет против Таргет Груп.

На нашето прашање дали досега реагирале јавно за, според нив, злоупотребата на податоците од нивните бази од Централен регистар одговорија дека се додека обвинителството не ја заврши постапката која е покрената против Таргет Груп не се во можност официјално да реагираат и да ги информираат правните субјекти дека податоците кои ги нуди и продава оваа компанија не се податоци добиени од Централен регистар.

Скопското јавно обвинителство не одговара на писмата на Централниот регистар!

Злоупотребата на податоците на Централен регистар најпрво треба да биде докажана во постапката покрената пред надлежните институции. Во меѓувреме до Основното Јавно Обвинителство, од страна на правниот застапник на ЦР,  повеќе пати се праќани барања за добивање  на информации за текот на постапката, но за жал сите обиди останаа безуспешни и до ден денеска немаме добиено никаков одговор, соопштија од Централниот регистар.

(Продолжува: Што работело скопското јавно обвинителство додека Централен регистар обвинува дека нелегално му препродаваат податоци?)


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи