05 Декември, 2025
0.0271

Како Чарлс Шваб ги натера работниците да произведуваат повеќе?!

Објавено во: Анализа 17 Август, 2013 09:25

Добивај вести на Viber

Чарлс Шваб е бил еден од најголемите индустриски магнати во САД. Неговата компанија Бетлеем Стил, која престана да постои за време на оваа последна криза, а тоа што остана од неа е под Арчелор Митал, во негово време била втор најголем производител на челик во САД. Тоа бил периодот на раниот дваесети век кога САД сеуште се потпирал на индустриското производство. Чарлс Шваб во тој период вовел еден принцип кој големите компании го практикуваат денеска, а тоа е конкуренцијата. Еден период Шваб мака мачел со зголемувањето на производството на челик во фабриката. Пробал со стандардни методи но ништо од тоа не му успеало. Проблемот го решил на следниот начин... Една вечер се симнал помеѓу вработените од втората смена и ги прашал колку успеале таа вечер да произведат. Побарал креда и бројот кој го добил како одговор го напишал на подот да може секој да го види. Кога утринската смена дошла на работа прашале за што се работи. Добиле одговор дека големиот шеф дошол, прашал колку се произведува и бројот го напишал доле на подот. По завршување на смената работниците го избришале и напишале нов, поголем број. Кога наредната смена дошла, веќе погодувате се обиделе да постават нов рекорд и успеале во тоа. Оваа приказна Шваб му ја кажал на Карнеги и истиот ја напишал во една од неговите книги. Секако главната поента е дека конкуренцијата е здрава работа и дека треба да се негува и развива на сите ниво и дека без дилема истата ќе даде резултати. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени