Како да аплицирате за работа во Германија?
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2015 11:20
Германија планира да вработи над 600 000 нови работници следнава година. Доколку сте заинтересирани и сакате да аплицирате за работа еве што ви е потребно.
- За работа во Германија, потребно е граѓаните да најдат работодавец, потоа работодавачот да обезбеди дозвола за работа и да се добие и дозвола за престој (работна виза).
-Неопходно е пред да се обидете да побарате работа, да проверите дали вашата професија се наоѓа на листата на дефицитарни занимања во Германија, а потоа следи прибирање на документација.
-Видот на документи можат да се разликуваат од работодавач да работодавач, но за дозвола за работа ќе треба копија од патна исправа, диплома (преведена на германски), доказ за работно искуство, како и доказ за јазични вештини.
- Трошоци - Тие се однесуваат на превод на документите на германски јазик, односно услуги за судски преведувач. Во правило секогаш се испраќаат заверени копии, па и тоа бара одредени трошоци за заверка.Трошоците за вадење на работна дозвола ги покрива работодавецот.
Работодавец можете да најдете и на веб порталите, како што е веб страницата на Сојузната агенција за работа во Германија www.arbeitsagentur.de.
Освен тоа, можете да барате работа и на овој линк. Во моментов таму има над 7 000 слободни работни места.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




