Како да добиете 100 000 долари од Гугл
Објавено во: Економија 21 Март, 2016 21:54
Компаниите во Силициумската долина редовно им доделуваат награди на хакерите кои им ги покажуваат слабостите и грешките во програмите кои биле произведени од страна на компанијата. Сега, најпопуларната компанија во долината, „Google“, нуди голема сума пари за секој кој ќе успее да хакира преносен компјутер „Chromebook“.
Компанијата изјави во објава на блог дека ќе ја зголеми наградата за хакирање на „Chromebook“ од 50.000 долари на 100.000 долари.
За да ги добиете парите, мора да го хакирате компјутерот како гостински корисник. Со други зборови, мора да го хакирате системот кога е заклучен поради приватност. Хакирањето треба да биде повторливо и кога уредот ќе се ресетира. Никој досега не ја добил наградата.
Инаку, во 2015 година, компанијата додели над вкупно 2 милиони долари на хакери кои откриле грешки во нивните услуги, меѓу кои и награда од 12.000 долари за човекот кој го купил домеинот Google.com пред да успее компанијата да го купи.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




