Како да ја намалите сметката за струја во грејната сезона: Сите правиме грешка со продолжните кабли
Објавено во: Стил 07 Декември, 2022 14:13
Како да ви бидат топли становите а да трошите помалку струја? Така се прашуваат сите граѓани кои се греат на струја.
Мајстор Бранко Зрниќ објасни како да ги прилагодите радијаторите за да трошат помалку.
- Граѓаните не можат да заштедат пари на електрични радијатори, бидејќи додека е вклучен се грее. Заштеда може да се направи со ТА печките, кои се акумулираат во текот на ноќта кога струјата е евтина, а преку ден се вклучени по потреба. Луѓето грешат кога ја вклучуваат ТА печката преку продолжни кабли, а тоа може да биде многу опасно за секој потрошувач кој има повеќе од 3.000 вати - објаснува Бранко, за српки блиц, кој е занаетчија.
Бранко советува дека радијаторите и калориферите мора да се исклучуваат кога не сме во станот, бидејќи тие често можат да бидат причина за пожари.
- Калорифер, радијатор додека се под напон, тие работат. Кога не се вклучени во струја, тие не работат. Никогаш не треба да се оставаат вклучени кога не сме дома, бидејќи можат да предизвикаат пожари. Би ги советувал сите што ќе вклучат радијатор или калорифер преку продолжен кабел, да не го ставаат продолжениот кабел на тепих, туку да го креваат бидејќи загревањето на кабелот може да доведе до пожар - советува Бранко Зрниќ.
FOTO: SCREENSHOT
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




