20 Декември, 2025
0.0576

Како да организирате успешен корпоративен настан

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2015 09:50

Добивај вести на Viber

Корпоративните настани се одлична алатка за компаниите да создадат buzz на пазарот за нивните производи и услуги, или пак интерно да ги анимираат и образуваат своите вработени.Ваквиот тип на настани, доколку се реализираат на посакуваното ниво, ги вклучуваат и присутните и овозможуваат препознавање на продуктот.Многу организации организираат настани поради самата нивна природа и можноста за голема сеопфатност. Од друга страна пак, организацијата на деловен настан може да ве направи нервозни поради фактот што нема простор за грешки. Има листа на работи кои треба да бидат испланирани и совршено спроведени. Добро организиран деловен настан, ќе биде запаметен и ценет од ситеинволвирани страни.

Одредена доза на несигурност е природна, посебно за оние кои им е прв пат. Ова е голема одговорност и нормално е да сте несигурни околу тоа дали ќе ги исполните вашите задачи беспрекорно. Во продолжение неколку работи на кои мора да се внимава со цел полесна организација:

Соодветна локација за деловен настан

Локацијата во која ќе го организирате Вашиот деловен настан е од огромно значење. Самата локација ќе ви даде идеја за тоа каков ќе биде настанот, и секако многу ќе говори за потенцијалот на вашата компанија. Без разлика дали се работи за хотел, event простор, амфитеатар, конференциска сала, ресторан, отворена или затворена локација, најдете простор кој нема да биде ниту преголем, ниту премал. Бидете сигурни истата да е комотна и одговара на вашите потреби. Проверете го и светлото, ентериерот и секако, капацитетот на салите во формата на уредување која вас ви е потребна. Погледнете како таа сала изгледала претходно и инспирирајте се. Секако, не сакате Вашите гости да се чувствуваат неудобно. И секако, внимавајте на паркингот и колку ви е важно истиот да е слободен.

Grand Millennium Sukhumvit Bangkok Corporate Event

Одлична нова веб апликација на македонскиот пазар е Termin.mk, на која покрај сите потребни информации за локациите во кои се организираат деловни настани, можете и веднаш, од било каде, во секое време, да ги проверите слободните термини во истите.

Опремата и уредувањето на просторот

Штом локацијата е одбрана, на ред е опремата и уредувањето на просторот. Вашите гости треба да се чувствуваат комотно за време на настанот. Покрај неопходната опрема како озвучување, микрофони, ЛЕД екрани, проектори, осветлување, кетеринг, погрижете се тоа да изгледа беспрекорно, истовремено отсликувајќи ја и културата на вашата компанија. Уредувањето на просторот и овозможувањето се тоа да функционира беспрекорно ќе ја нагласи префинетоста на вашата компанија или организација. Во овој дел ви се потребни професионалци, кои совршено ќе се вклопат во вашата слика.

Најдобрите компании за опрема, кетеринг, рент-а-кар, како и други услуги поврзани со организацијата на Вашиот деловен настан, исто така ви ги нуди Termin.mk.

Буџетот

Старите велат, пуштете си ја чергата колку што ви е долга. Добро испланиран буџет е клучен за успехот на еден корпоративен настан. Мора добро да ги предвидите можните трошоци. Поканите, како и останатите трошоци за промотивни материјали чинат доста. Цената на самиот простор, гостите спикери, опремата се главните трошоци. Препорачливо е да ги проверите сите трошоци пред да го преземете првиот чекор – резервација на локацијата за деловен настан.

termin mk 2

Тука исто така веб апликацијата Termin.mk може да ви биде од голема корист, нудејќи значителни попусти кај услугите поврзани со денот на Вашиот деловен настан.

Планирање

Мора однапред да одлучите кои ќе биде клучните елементи кои ќе бидат дискутирани и достигнати на корпоративниот настан. Поставете јасни и паметни цели. Јасно дефинирана агенда ќе ви помогне да ги постигнете целите на настанот. Успешно планирање ќе го направи вашиот настан хит.

Соодветно планирање, перфектна локација, добро испланиран буџет, и уште неколку други фактори придонесуваат за популарен и ценет деловен настан. Имајте ги на ум сите овие компоненти и испланирајте го најдобриот деловен настан кој ќе придонесе за исклучителна репутација на вашата организација. Користете ги сите паметни алатки кои ви се на располагање, и запаметете, со ова, вие придонесувате за раст на вашата компанија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии