30 Април, 2024
0.0254

Како да се изборам со правдољубивиот човек во себе

Објавено во: Колумни 14 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Сé можам да разберам, и тоа дека „нашиот“ Претседател проф. д-р Ѓорге Иванов ги помилува криминалците во „својата “држава, и тоа дека го навреди до коска секој граѓанин во оваа држава (ако во овој момент може да се нарече така местото во кое живееме), и тоа дека прифати да биде нарекуван дебил, издаица и најмалку што може да се нарече непрофесионален „правник“ (кој впрочем е доктор и професор по правни науки), и тоа дека нема свое „јас“ (дека е марионета), но не можам да го разберам овој народ, кој тој на сето тоа што јасно им го покажа дека го смета за малоумен со мозок на животно, продолжи да си го тера „животот“ како ништо да не било.

Ќе бидам саркастична, но можеби е и тоа вистината дека на нашиот народ поважно му е да си ги изгледа турските серии на Сител и Канал 5, да си ги напише домашните со своите деца, да си прошета мирно по Скопските тротоари правејќи си муабет со шетачкиот партнер во убавите пролетни ноќи.

Малкумина се собравме пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ завчера после Државниот удар на (повторно ќе кажам) „нашиот ни мил“ претседател кој изврши убиство не само на демократијата во Македонија, туку на моралот на човекот кој вклучува во себе правдољубивост и добрина. Каков превртен морал ни нуди, па уште и треба да го прифатиме ние луѓето во овие простори (се подразбира под ова Македонија). Значи со таа негова постапка сакаше да ни се претстави како Најдобриот и правдољубив човек (кој впрочем е „татко“ на нацијата, а испадна татко на криминалците „знаеме кои“) во местово со тоа што не направи сите поглупи од него (ако може така да се каже), дека не сфаќаме дека не ни сака добро на сметка на оние на кои им сака добро.

Но најстрашно од сé е дека народот тоа го прифаќа (и тоа оберучке) да биде омаловажен, навреден и сметан за исплашено маче кое се крие, и е исплашено дури и од едно глувче. Сега кога го спомнав глувчето всушност и Тој („нашиот ни мил претседател“) е дел од тој народ.

Но во ред, ако народот кој живее во ова место (мислам на државата Македонија, која во моментов незнам дали постои) е задоволен од 6ооо денари плата и кој дури оди на контра протести (го оправдува и се бори за неморалот кој ни го наметнува врвот), тогаш логично следи заклучокот дека ние, ова што ни се случува, и го ЗАСЛУЖУВАМЕ. Кога ќе размислам, па нас најубаво ни било под ропство, седи, трај, прај, а друг нека си тера по свое. Само жално е што ропството сега ни го прават „нашите“, а ние , народот мирно си го прифаќаме.

Милион пати кажавме доста е, но изгледа не ни е доста.

Проф. д - р Орхидеја Шурбановска

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД