Како да се состави добар говор?
Објавено во: Анализа, Мои пари 15 Август, 2013 09:22
Метафори, аналогии, елементи на изненадување..обидете да ги користите ваквите форми со цел да постигнете поголем ефект
Структура на говорот:
Немојте да залутате. По никоја цена. Пред да почнете со излагањето мора да имате јасна цел што сакате да кажете. Вниманието на луѓето денеска е многу кратко, затоа мора да имате јасен план што ќе кажете и како ќе кажете
Почетокот е најбитен:
Овој дел е поврзан со претходната точка. Токму поради тоа што вниманието на луѓето е многу кратко мора да знаете дека на почетокот мора да го имате нивното внимание. Не го чувајте најдоброто за крај, затоа што додека дојде крајот можеби нема веќе да има кој да слуша.
Повторувајте се:
Навидум лоша тактика. Но соговорникот мора да запамти што сакате да му кажете. Откога ќе го имате неговото внимание повторувајте ја главната поента ако треба и неколку пати. Сетете се на работи што ги знаете, сигурно не ви влегле во глава од прва. Можеби на почетокот некого ќе нервирате, но запрашајте се, што ако не повторувате доволно, дали соговорникот ќе се сети за што зборувате неколку недели по говорот.
Овие насоки може да ги користите и за пишување на текстови, ПР објави, не само за говори пред публика. Правилата се исти без разлика дали се обраќате на мала или голема публика, или публика која чита или слуша.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





