19 Декември, 2025
0.0364

Како да се задржат младите во руралните средини?

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2014 14:53

Добивај вести на Viber

Во регионот на Свети Николе-Штип се реализира проектот „Брендирање на руралните бизниси со цел задржување на младите во руралните области“, финансиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) преку програмата за Поддршка на Социјално Претприемништво за Млади (Youth Social Entrepreneurship Support Programme). Проектот се имплементира од страна на Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“ во партнерство со компанијата СИ комуникејшн од Скопје и Општина Свети Николе. Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на претприемачки бизниси во овој регион преку идентификација на руралните традиционални бизниси и традиционални вештини за обработка на предмети со највисок потенцијал и нивно претворање во профитабилни компании. Развојот на руралните традиционални бизниси во претприемнички бизниси треба да им овозможи на младите луѓе од микро-регионот Свети Николе-Штип подобри и поголеми шанси за препознавање на вистинската професија и продолжување на својот живот во својата општина. Со активностите предвидени во проектот директно ќе се влијае на невработеноста кај младите, како еден од најголемите социјални проблеми во руралните области во рамките на регионот. Втора цел на овој проект е да се влијае да се намали економската стапка на миграција на младите луѓе во овој микро-регион и нивна преселба во поголемите градови во Македонија или заминување во странство. „Навистина сум среќен што ваков пилот проект се имплементира во светиниколскиот регион и истиот ќе овозможи заживување на традиционалните бизниси со нови претприемачки вештини. Верувам дека ова ќе ги поттикне младите луѓе да својата егзистенција ја бараат во овие традиционални бизниси и да допринесат овој регион уште повеќе да се развие, а со тоа да се овозможи поголем просперитет на граѓаните“, изјави градоначаникот на Свети Николе Зоран Тасев. Во рамките на проектот предвидено е имплементирање на повеќе активности, вклучувајќи и организирање на обука на теми: маркетинг и промоција на мали, рурални бизниси; е-маркетинг и промоција преку социјалните мрежи, продажни техники на традиционални производи; како и обука за брендирање на традиционалните производи.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии