29 Септември, 2024
0.0361

Како да тргувате со силниот долар?

Објавено во: Анализа 18 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Највпечатливата сила на американскиот долар оваа година веќе ги натера аналитичарите да ги сменат прогнозите и да ја погледнат можноста, кога овој тренд ќе се забави. На почетокот на годината, аналитичарите кои заземаа агресивен став, предвидуваа дека еврото ќе падне до 1,10 долари до крајот на годината. Како резултат на силата на американскиот долар истите аналитичари ја преиспитаа својата позиција во моментов, а очекувани опции се од паритет до постигнување дури до 0,95 долари за евро. Поради неверојатниот подем на американската валута масовно се дискутира кои се причините за тоа. Силата на доларот се должи истовремено на неколку пазарни случувања - монетарната политика на САД, доведе до постепено закрепнување на американската економија, очекување и појавата на квантитативно олеснување (QE) во Еврозоната, што го ослабна еврото, како и стимулансите од други земји, како на пример од Централната банка на Јапонија, која изврши притисок врз други валути. Заедно со силата на САД го видовме и падот на цената на нафтата, која ги шокираше пазарите. Меѓу нафтата и американскиот долар постои тесна врска, поради фактот дека суровините се тргуваат во долари. По традиција, кога доларот се засилува, цената на нафтата паѓа, и обратно. Нестабилноста на пазарите може да биде предизвик за трговијата, но во исто време може да донесе можности за луѓето кои умеат да го напипаат пулсот на настаните. Saxo Bank ја претставува листата со топ 5 стратегии за инвестиции при раст на цената на американскиот долар. 1. Бидете во чекор со трендот Тоа звучи како очигледен совет, но инвеститорите кои од самиот почеток на нагорен тренд ги следеле внимателно двојките со американскиот долар веќе се во корист и користат подобро од силниот долар. Сепак внимавајте, бидејќи незапирливиот навидум тренд на пораст на доларот ќе има крај во даден момент. Како што Џон Џ. Харди, шеф на FX Strategy во Saxo Bank, вели: "Тешко е да се предвиди временската рамка на обновата на американскиот долар, па ќе мора да земаме предвид ден за ден и настан за настан". Белег на успешниот трговец е да знае кога да се земе профит, излегувајќи од тргувањето. 2. Диверзифицирано портфолио со Договори за разлика (CFD) Инвеститорите во CFD - договори за разлика - заработуваат профит од прогнозирање на тоа дали цената на основниот капитал ќе се зголеми или намали. CFD се деривативен производ кој може да се користи за тргување со суровини (вклучувајќи гориво), акции, индекси. Во моментов се забележува зголемен интерес за CFD, особено поради можноста од искористување на паѓањето на цените (кратка позиција), како и од растечките цени (долга позиција). Ова е еден од начините да се искористи трендот на пад на цените на пазарот, каква што се набљудува со цената на нафтата во моментов. CFD се исто така многу корисни при хеџинг и заштита на другите инвестиции во комерцијални портфолиа со многу средства. 3. Прилагодете ги инвестициите во зависност од нивната презентација Со последователниот раст, кој се одбележува во американската економија, странските инвестиции почнуваат да се враќаат во САД, што влијае позитивно на претставување на американските хартии од вредност. Европските, како и јапонските хартии од вредност, продолжуваат да трпат последици од стимулантата монетарната политика, што ги прави помалку атрактивни, во споредба со американските. На ист начин, повисоките каматни стапки во САД, во споредба со оние во другите големи економии, ги прават американските хартии од вредност повеќе атрактивни за странските инвеститори. 4. Позајмуваат кратки позиции со суровините Инвеститорите се слават со тоа што се свртуваат кон засолништа, како златото на пример, во време на нестабилноста на пазарот. Додека златото има инверзен однос кон американскиот долар - тоа значи дека цената му опаѓа кога доларот се зголемува. Врската помеѓу нив сепак не е толку силна како меѓу доларот и горивата. Тоа значи дека дури и со сеопфатен нагорен тренд на американската валута, може да има и мали откритија кај златото, кои можат да се покажат како краткорочни можности за инвеститорите. 5. Ослободете се по бранот на нестабилноста Бидејќи монетарната политика на САД продолжува драстично да се разликува од онаа на ЕУ и Јапонија, знаците се дека 2015 ќе биде силно сама година на девизните пазари. Неусогласеност во паричните политики создава остри флуктуации и продор на девизните пазари, кои треба да бидат капитализирани за финансиска добивка. Исто како при сурфањето инвеститорите треба да го проценат времето во кое да влезат на девизните пазари однапред и да се издигнуваат на одборот, сурфајки по бранот цело време до приигнувањето до брегот. K.K.