КАКО ДЕТЕ САКАЛ ДА БИДЕ МОРНАР: Путин имал и други желби, едната му се оствари
Објавено во: Свет 27 Мај, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин како дете сакал да биде морнар, а потоа пилот.
„Подоцна, кога веќе бев во повисоките одделенија на училиште, сонував да станам шпион“, изјави Путин.
Тој го оствари својот сон, но патот до него беше долг и трнлив.
„Во шпионажата најмногу ме привлече тоа што еден човек може да ги промени судбините на илјадници луѓе и да го постигне она што некогаш не успеаја дури и цели армии“, наведе Путин.
Путин се распрашал што е потребно за да се стане шпион во Дирекцијата на Комитетот за државна безбедност (КГБ) во Ленинград. Таму дознал дека за да се вклучи во службата, треба или да одработи воена служба, или да заврши факултет, по можност правен. Не сакајќи да ја пропушти можноста за која толку долго сонувал, Путин се запишал на Правниот факултет на Државниот универзитет во Ленинград, а веќе на крајот на студиите добил понуда да се приклучи на службата на КГБ во СССР.