28 Септември, 2024
0.0296

Како дигиталниот маркетинг го менува пазарот?

Објавено во: Анализа, Мои пари 21 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Пазарот на мало е еден од секторите кои најактивно ги искористи можностите на дигиталниот маркетинг целосна промена на методите за комуникација со потрошувачите, соопштуваат од агенцијата eDesign. Таа открива уште дека дигиталниот маркетинг влегува со се побрзо темпо на пазарот. Благодарение на тоа рекламните кампањи, базирани на интернет и други иновативни методи, стануваат се поинтересни. Според експертите специфичноста на трговијата на мало овозможува да се искористат предностите на маркетинг алатки , а овој тренд постепено се пренесува и на Балканот. Постојат неколку главни трендови на пазарот: На прво место тоа е ефикасно користење на " точките за продажба" . Се повеќе компании избираат да комбинираат физички методи со виртуелни канали , вклучувајќи ги со социјалните мрежи и со мобилни апликации за додадена реалност. Меѓу најдобрите примери за ова се апликациите за "виртуелно " испробување на вистински производи. Вториот тренд е поврзан со целосна употреба на најновите мобилни технологии. Компаниите во најголема мера можат да имаат корист од услугите, кои се базирани од локацијата (LBS). Компаниите вложуваат на апликации кои откриваат интересни локации, покрај кои минува корисникот. Растот во продажбата на мобилни уреди и појавата на нови класи на уреди како најпаметните часовници , придонесуваат за активно користење на новите можности во дигиталниот маркетинг . Новиот телекомуникациски сегмент наречен indoor positioning ( " внатрешно позиционирање " ) , исто така, како трет тренд на пазарот иста така добива на сила. Тој вклучува одлуки за да се утврди точната локација на згради на местата каде што нема покриеност на позиционирачките сателити од американскиот систем GPS или нејзините аналози . Трговските центри, бизнис зградите , станиците, хипермаркетите и аеродромите можат да имаат корист од него . Не смееме да заборавиме дека дигиталниот маркетинг носи и поголема флексибилност при комуникацијата на поголем број производи , истакнување на промоциите , ценовните попусти различни пораки кои треба да стигнат до крајниот корисник. Благодарение на новите алатки за маркетинг , компаниите стануваат многу пофлексибилни и реагираат соодветно на пазарните промени. Дигиталните алатки му овозможуваат на бизнисот да ги запознае подобро самите корисници. Тоа значи и повеќе можности за одговарање на клиентските потреби и вкусови . K.K.