20 Мај, 2024
0.0644

КАКО ДО РАБОТА ВО КИНА: Вредни искуства на Балканци, за просечен живот доволни и 300 евра

Објавено во: Свет 20 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Некогаш на печалба се одело исклучиво во западна Европа или Америка, потоа дестинациите се зголемиле, а во последно време најпопуларна е и работата во Кина.

Таму просечната нето плата изнесува 3.200 евра, а доколку сте правник, менаџер или доктор ќе заработувате и од 5.000 до 8.000 евра

Според податоците, во овој момент има околу 1.000 лица од Балканот кој работат во оваа држава.

Според искуството на оние кои веќе работеле во Кина, работа може да се најде, но само доколку знаете англиски јазик.

Тие напоменуват дека и во Кина може да се најде добро платена работа, каква што многу луѓе обично ја бараат на западот, а сепак за пристоен живот да ви треба буџет од само 300 евра.

Извесен Милан Милуновиќ во на својот портал истакнува дека некои луѓе предаваат англиски јазик и со таа работа можат да заработат од 1,500 до 2.000 американски долари месечно, има и неколку кои работат како архитекти и многу добро заработуваат.

За себе вели дека завршил спортско училиште, па се одлучил во Шангај да се занимава со она што најдобро го знае.

„Направив спортско училиште за деца и со нив работам“, вели тој.

Тој посочува дека луѓето од Балканот најмногу работат во големите градови, а многу ретко ги бираат и помалите градови кадешто лесно е да се најде работа, а животот, сместувањето и режијата не се вртоглаво скапи како во метрополите.

Една од популарните работи е и домаќин во престижен ресторан, овде обично работат жени, но според бројот на огласите најдобро поминуваат оние кои го знаат многу добро англискиот јазик.

Неговата жена, Оливера Станковиќ која исто така работела во Кина како преведувач, посочува дека и покрај лицата кои завршиле англиски јазик на факултет, овде може да работите и само со Меѓународен сертификат.

„Така нема да можете да се вработите во училиште, но ќе можете да држите приватни часови па така добро да заработите. Приватните часови ќе може да ги држите покрај работата поради тоа што животот таму е скап, а вие сакате да заработите и за во родната земја“, посочува Станковиќ.

Според неа, кинезите имаат голема потреба од наставници по англиски јазик затоа што знаењето станува престиж за населението.

Сепак советуваат има многу начини за одење во Кина, но пред да отидете, подобро е прво да побарате работа на некои од специјализираните сајтови, па така во големи случаеви можно е работодавците да ви ги пратат авионски карти, а доколку се работи за помал град можно е и трошокот за сместување исто да падне на терет кај работодавецот.

Можеби ќе ве интересира

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи