18 Декември, 2025
0.0686

Како добивката на „Фабрика Карпош“ порасна за 8 пати?

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2020 07:12

Добивај вести на Viber

„Карпош“ успеа да одржи приходи од продажба на ниво од лани, да скрати трошоци во работењето, на намали макар и минимално финансиски расходи и да ја зголеми за речиси 8 пати добивката која овој период лани беше малку над позитивна нула. Оперативната добивка е 5 отсто од приходите од продажба што во градежништвото е солиден резултат

„Фабрика Карпош“ скопската компанија специјализирана за производство и монтажа на бетонски полуфабрикати  за првите девет месеци оствари осум пати поголема добивка од истиот период лани, покажуваат финансиските извештаи на друштвото достапни на Македонската берза за хартии од вредност.

Успехот е сплет на две групи фактори во комбинација со многу ниската добивка која за истиот период лани ја остварило друштвото. Во оваа компанија веќе извесен период наназад има консолидација во сопственичките редови и резултатите се очигледно подобри.

Прво, годинава приходите на „Фабрика Карпош“ се зголемени за 2 отсто во услови на стопанисување со многу ограничувања предизвикани од здравствената криза. Приходите од продажба изнесуваат 7,3 милиони евра и сите се остварени на домашниот пазар. Ова друштво освен што има специјалност за бетонски полуфабрикати, нуди и проектантски услуги, гради мостови, произведува бетонски далекуводни столбови, индустриски објекти и станови.

Второ, бруто добивката за овој период изнесува 2,14 милиони евра и е за 8 отсто повисока од истиот период лани. Клучните трошоци на друштвото годинава биле: трошоците за суровини и други материјали со 3,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од лани, услугите со карактер на материјални трошоци кои изнесуваат 2,2 милиони евра и се за 7 отсто пониски од лани и трошокот за набавната вредност на трговските стоки кој бележи голем пад од 55 отсто и изнесува 378.000 евра. Трошоците за вработените се зголемени за 7 отсто и изнесуваат 1,5 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото за овој период е 377.000 евра што е за 2,7 пати повеќе од истиот период лани. Нето добивката е 271.000 евра и е 7,6 пати поголема од истиот период минатата година.

Доминантен сопственик на ова скопско градежно друштво е „Градежен институт Македонија“ кој поседува 75 отсто од акциите. „Карпош“ има уште 115 домашни акционери – физички лица кои поседуваат 17 отсто од акциите со право на глас

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје