22 Ноември, 2024
0.0293

КАКО ДРЖАВНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ СТАНАА СЕДМИ ДРЖАВЕН ДОЛЖНИК – од мали обврски, натрупаа долг од шест милиони евра

Објавено во: Економија 20 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Најновата листа на државни должници, која се однесува на периодот заклучно со март годинава, можеби и не би се разликувала многу од другите списоци, со секогаш добро познатите борчлии, доколку овој пат во „топ должничката десетка“ не избиеше една голема и моќна државна компанија, а таа е акционерското друштво за производство на струја, односно Електрани на Македонија.

На списокот што на секои три месеци го објавува Министерството за финансии досега АД ЕЛЕМ беше во многу подолните позиции, со многу помали суми на долгови, но затоа на крајот на март годинава избива на седмото место, со долг од дури 6,1 милиони евра.

Инаку, треба да се напомене дека државните Електрани сега официјално се викаат АД Електрани на Северна Македонија, или АД ЕСМ, но во списокот на Министерството за финансии се уште фигурираат како АД ЕЛЕМ Скопје, веројатно затоа што таму се уште не е сменето името. На листите се наоѓаат уште двете фирми ќерки на ова АД, а тие се Елем Трејд и Елем Турс.

Како и да е, државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, прецизно 6.079.544 евра.

Само три месеци претходно, пак, односно на крајот на декември минатата годин, долгот бил речиси три пати помал, односно изнесувал 2,36 милиони евра. Или, со ова ниво на долг АД Елем биле на 24 место од државните должници. Од тие причини можеби и не „паднале во око“, односно не станале интересни за новинарска опсервација, бидејќи вообичаено се интересни првите 10 па до 20 најголеми борчлии.

А тоа дека долгот на државните Електрани ненадејно брзо се зголемил во последниов период, зборува и фактот што пред шест месеци, односно на крајот на септември лани, ова акционерско друштво имало обврски од само 23 илјади евра. Или, АД Елем биле на дури 298 место од листата на државни должници.

Фактор анализираше и за крајот на првото полугодие лани, кога сепак долгот на ЕЛЕМ бил нешто повисок и тежел 640 илјади евра, или компанијата била на 81 место.

И, на крајот на март 2020 година, како што говорат податоците на министерството за финансии, Ад ЕЛЕМ Скопје имала долг од само 179 евра, значи не ни 200 евра. На листата на должници тогаш ова АД било на крајот, или на 721 место.

Што значи, само за една година, долгот на државните Електрани од практично нула, дошол до 6,1 милиони евра.

Инаку, вреди да се напомене дека држвната ЕСМ, за 2019 година оствари добивка од 30 милиони евра.

Уште една работа која треба да се напомене е дека за целата мината година, а и сега, АД Елем има големи суми недоспеани обврски.

Додека, пак, долгот кој го пресметува МФ, се всушност доспеани, а неплатени обврски кон доверителите, и врз основа на тој долг се доствува листата на државни должници.

Фактор вчера се обрати до АД ЕСМ со прашање како за само една година се натрупа овој долг за да дојде акционерското друштво до седми по ред должник во држвава. Одговор немаме до подготовката на овој текст, но штом го добиеме, ќе го објавиме во целост.

Инаку, на крајот на март, покрај ЕЛЕМ, се вообичаените должници.

Предничи МЖ Транспорт со 63,8 милиони евра, а втори се АД МЕР, или сега АД Национални енергетски ресурси, со долг од 25,5 милиони евра. На трето место е ЈП колекторски систем Скопје, кои должат 12,5 милиони евра. Општина Тетово, традиционално голем должник се на четврта позиција, со долг од 11,3 милиони евра, а петти се ЈП Водовод Куманово, кои должат 7,9 милиони евра.

Шесто место овој пат е за општина Охрид со долг од 7,1 милиони евра, а осми се ЈП МРТ со 5,9 милиони евра.

Деветтото место е за ЈП Водовод и Канализација со долг од 5,6 милиони евра, и на десетта позиција е Општина Карпош, кој има доспеани, а неплатени обврски од 4,9 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто