29 Септември, 2024
0.0260

Како германскиот 14-годишен план го уништи Бразил

Објавено во: Анализа 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Беше тешко да се гледа до крај германското демолирање на Бразил со 7-1.  Сиротиот Andre Schürrle, замената која влезе како напаѓач за Германија во второто полувреме, не можеше баш да се израдува на своите два доцни гола како што се израдува Томас Милер на првиот гол кој го постигна во 11-тата минута. Еден пријател кој ја гледал утакмицата во бар во Берлин ми кажа дека германците на голот на Оскар во 90-тата минута наздравиле од сочуство.

Бразил секако потфрли во вторникот и низ целото Светско првенство. Сите победи му беа на среќа или едвај. Меѓутоа Бразил не се распадна само против Германија (иако тоа секако беше така).

Германија победи со прецизен и инспириран фудбал кој што цел месец го играат во Бразил. Тоа не е случајност, тоа е златен благослов на цела генерација на талентирани фудбалери. Тоа е делот од 14 годишниот план да се најдат сите деца помеѓу 80 милиони германци кои навистина знаат да играат фудбал, да тренираат уште млади и да ги придодадат кон некој професионален клуб.

Сите земји го прават тоа одприлика. Белгија го прави тоа одлично. А после натпреварот може да се каже дека Германија го прави тоа најдобро. На Еврпопското првенство во 2000-та година Германија не ја помина ни групната фаза. Замислете го гневот и лутината исто како Yankies да завршат последни во американската безбол лига.

Затоа германската фудбалска асоцијација смисли план. Традиционално клубовите во Европа се одговорни за развојот на своите таленти. Некои како Барселона во Шпанија и Ајакс во Холандија се надалеку познати по своите младински категории, меѓутоа ДФБ одлучи дека е опасно да се остави талентот непронајден и затоа во 2002 започна национална кампања за да го пронајде целиот талент.  The Guardian напиша добра статија за германската програма минатата година.

Германската стандардизирана национална програма почнува со изучување на децата со вештини од нивната 6-та година. Се спроведува во градови низ целата земја предводени од тренери кои имаат лиценца од ДФБ.

Потоа на 8-год. возраст скаутите ги надгледуваат децата дали се доволно добри за клубските програми.

Оваа пролет го гледав внук ми од Германија, Паул кој што игра фудбал во својот младински тим. Тој има 8 години. Германските деца не играат цврст фудбал. Тие играат по свои правила со чисти додавања и избор на удари. Ништо од ова не е оставено на среќата. Неговиот клуб  TV Rodenkirchen, е дел од германскиот национален програм. А покрај аут линиите за натпревари зад деца од осум години стојат профрсионални скаути. Секој професионален клуб во првата и втората германска бундеслига има основано своја младинска школа. Во периодот од 2002 до 2010 сумата која што професионалните клубови ја потрошија на младински школи скоро се дуплираше до 85 милиони евра годишно.

Веќе можеме да ги видиме резултатите од тоа трошење. Лани Guardian направи листа од нив: Joachim Löw германскиот тренер е благословен со генерација на млади и талентирани играчи Julian Draxler (19), Andre Schürrle (22), Sven Bender (24), Thomas Müller (23), Holger Badstuber (24), Mats Hummels (24), Mesut Ozil (24), Ilkay Gündoğan (22), Mario Götze (20), Marco Reus (23), Toni Kroos (23) …и листата продолжува натака. Müller, Kroos, Schürrle, тоа се момците кои што постигнаа 5 од 7-те гола против Бразил, а германската машина за таленти само што почна да произведува.

Шест годишен германец од 2002 се уште има само 18 години. Ние го сакаме Светскиот куп затоа што нуди чиста битка помеѓу нациите за победа или пораз. Освен во вистинска војна, тешко се постигнува такво ривалство во интернационалните води.

Некои нации се среќи. Дали Португалија го заслужува Кристијано Роналдо или Аргентина Меси? Националниот тим е вид на мобилизација, крај на долг план, разложен низ повеќе години со повеќе составни делови се со цел да се најде и тренира талент. Германија не е благословена со Меси или Роналдо. Но со придружување до националниот план низ текот на години нивното вложување почнува да се исплаќа.

Можеби не треба да сме изненадени што Германија го прави ова многу, многу добро.

(Пишува: Brendan Greeley, Обработка И.Р)