15 Декември, 2025
0.1224

Како „Гранит“ изгради 4,1 милиони евра профит за шест месеци?

Објавено во: Економија 18 Август, 2021 07:45

Добивај вести на Viber

Добивката од дејноста на фирмата-мајка е 1,27 милиони евра, а од шест фирми-ќерки три завршиле со добивка од 340.000 евра. Капиталната добивка (пазарна наспроти куповна цена) на акциите  кои „Гранит“ ги има во „Комерцијална банка“) изнесува 2,77 милиони евра

Најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ за првите шест месеци направи сеопфатна добивка од 4,14 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех во кој се опфатени работењето на „Гранит“ и уште шест негови фирми – ќерки.

Најголемо учество во профитот на „Гранит“ има капиталната добивка од неговите акции во „Комерцијална банка“ (пазарна цена на акциите на датум на пресек кога е правен извештајот наспроти цената по која се купени). Од оваа книговодствена категорија добивката на хартија е 2,77 милиони евра. Оваа добивка би била реална доколку компанијата одлучела да ги продаде тие акции во дадениот момент. Но тоа не е така и заради тоа тие се книжат во ставката нето останата сеопфатна добивка.

Нето добивката на „Гранит“ според консолидираниот извештај за првото полугодие е 1,37 милиони евра што е за 7 отсто помалку од истиот период лани. Во структурата на нето добивката градежната компанија „Гранит“ учествува со најголем дел односно со 1,27 милиони евра. Од придружените друштва односно од фирмите ќерки најголем придонес кон добивката има подружницата на „Гранит“ во Босна и Херцеговина со добивка од 306.000 евра. Од вкупно шест придружени друштва добивка за првите шест месеци оствариле скопската автоперална „Кар ваш“ со 30.000 евра и подружницата „Босна ДОО Бања Лука“ со добивка од 3.000 евра. Хотелот „Гранит“ за полугодие завршил со загуба од 174.000 евра, „Гранмак“ подружницата од Германија има загуба од 60.000 евра, а австриската подружница „Гранмак Виена“ завршила со загуба од 1.100 евра.

Во овој период фирмата – мајка т.е. градежното друштво „Гранит“ остварило приходи од 36 милиони евра од кои проходи од продажба се 34,3 милиони евра. Продажбата дома во приходите учествува од 31,1 милиони евра. Наспроти продажбата оперативните расходи на „Гранит“ за овој период изнесуваат 34,7 милиони евра. Најголемо учество имаат услугите со карактер на материјални трошоци со 14,2 милиони евра и тие се за 15 отсто помали од истиот период лани. Трошоците за суровини и други материјали пораснале за 7 отсто и достигнале 6,6 милиони евра.

Оперативната добивка за ова полугодие на „Гранит“ е 1,3 милиони евра и е за 2,8 пати повисока од добивката што компанијата ја остварила истиот период лани.

Значајно за истакнување е тоа што „Гранит“ нема кредитни обврски и изложеност кон деловните банки. Вкупните обврски се 26,9 милиони евра на крај на јуни годинава, а од нив обврските спрема добавувачите изнесуваат 20 милиони евра.    

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден