14 Мај, 2024
0.0265

Како Ходорковски ги сокри последните 170 милиони долари од Путин?

Објавено во: Свет 26 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Михаил Ходорковски , поранешен руски олигарх , кој неодамна беше ослободен , откако помина 10 години во затвор , рече пред неколку дена пред новинарите во Берлин дека не знае колку пари му останале . Леонид Бершидски од руското издание на магазинот Forbes сепак, смета дека има некаква идеја. Ходорковски се збогатува во 90-тите години на минатиот век со стекнување државни нафтени средства во серија на сомнителни тендери , кои подоцна успева да ги претвори во најголемата руска нафтена компанија - Yukos . Некогаш Ходорковски беше на 15 -то место во рангирањето на милијардери на Forbes според личната состојба , вредна 15 милијарди долари . Во 2003 година Ходорковски и еден од неговите бизнис партнери, Платон Лебедев, се уапсени под обвинение за измама и даночно затајување. Руската влада ја обвинува Yukos , која тогаш била проценувана на околу 30 милијарди долари , дека должи даноци во износ од 27.5 милијарди долари . Последователно, државата ги презеде повеќето средства на Yukos и ги распредели меѓу други компании. Ходорковски и неговите партнери ја контролираат Yukos и компаниите околу неа преку регистрирана во Гибралтар Group Menatep , која се уште постои под името GML . Дури и откако Ходорковски и Лебедев паѓаат во затвор , еден од нивните партнери продолжува да раководи со GML . Леонид Невзлин ја напуштил Русија и успева да избега во Израел пред работите да станат жестоки. Под негово раководство GML одведе голем број тужби надвор од Русија против компании кои добиле средства од Yukos. Плодовите од овие битки , според Бершидски , можат да бидат откриени во финансискиот извештај на GML од 2010. , до кој тој дошол преку Dun & Bradstreet . Според извештајот, тогаш средствата на GML биле во износ од 292 милиони долари. Пред апсењето Ходорковски бил сопственик на 59.5 % од акциите на Menatep . Ако се претпостави дека тоа се уште е така , според Бершидски, статусот на поранешниот милијардер сега изнесува 170 милиони долари. Поради сложената структура на сопственост , сепак сумата може да биде неколку десетици милиони долари помалку или повеќе . Јасно е дека состојбата на Ходорковски во моментов е еден сосема мал дел од она што било , но тој сигурно нема да биде бедник. Според Лук Ерик Петерсон од Investment Arbitration Reporter, барем официјално, Ходорковски можеби не поседува никакви акции на GML . Според одлуката на меѓународната арбитража меѓу GML и руската влада, сопственичката структура на компанијата била променета во 2003 година , па акциите во моментов се во сопственост на голем број доверителски фондови . Секој од партнерите во Yukos и нивните семејства се во старателството на еден или друг фонд , со исклучок на Ходорковски , чие име е отстрането оттаму во 2005 година. Тоа значи дека теоретски тој нема пари , но тоа можеби е само теорија.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама