26 Ноември, 2024
0.0254

Како им успеа на Хутите од Јемен? Го поскапеа поморскиот карго превоз 160 oтсто, транспорт на бродски контејнер сега чини 4.000 долари!

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Неизвесноста во Црвеното море што ја предизвикаа непредвидливите, агресивни и воинствени Хути, кои не успева да ги стави во ред ниту американската воена морнарица која важи за страв и трепет во светот, си го направи своето. Според најновото рангирање на реномираниот британски Drewry пренасочувањето карго бродовите од Црвено море кон Ртот Добра надеж ја дигна просечната цена за транспорт на стандарден карго контејнер на 4.000 долари. А на средина на декември цената беше 1.521 долар во просек за 12 метарски контејнер! 

Особено на удар е светската, а особено европската трговија и снабдување со стоки е под невиден притисок. Цените на бродскиот карго транспорт на стоки вртоглаво растат. Поморскиот пат околу Ртот на добрата надеж со што се заобиколува цела Африка се помасовно ја заменува рутата во Црвеното море па низ Суецкиот канал во Средоземно море. Сега карго бродовите патуваат 6.500 километри (3.500 наутички милји) подолго. Оваа рута е подолга за најмалку половина месец патување од најфреквентниот поморски пат низ Црвеното море и Суецкиот канал.

Кризата во превозот на поморскиот пат што ја креираа воинствените Хути владејачка политичка организација во Јемен прави големи проблеми за Европа, северна Африка, Блискиот Исток, северна Америка и Кина, но особено на удар се економиите на ЕУ и на Индија.

Што значи Хуту агресијата во пари?

Најпросто кажано поскап превоз. Според податоците од индексот на https://www.drewry.co.uk/ просечната цена за стандарден бродски контејнер (12 метарски односно 40f ) порасна за 161 отсто. Според последното мерење од 25 јануари просечната цена за превоз на еден контејнер изнесува 3.964 долари што е за 2.443 долари повеќе од цената на 14 декември која изнесувала 1.521 американски долар (пренесува Ал Џезеира). Овде се вклучени зголемените трошоци за гориво, за дневници на морнарите и посадите, за амортизација на бродовите и за осигурување неопходно за патување по подолгата рута околу Африка. 

Европа и особено Индија се под досега невиден притисок. Индија е најголем светски производител на ориз со 7,5 милиони тони. Дури 35 отсто од нејзиното производство оди како извоз на пазарите во Европа, Северна Америка, државните од Блискиот Исток и од северниот дел на Африка.

Според агенцијата за кредитен рејтинг CRISIL Rating https://www.crisilratings.com/en/home/our-business/ratings.html Индија има огромна зависност од поморскиот пат низ Црвеното море преку Суецкиот канал. Северна Америка, Европа, земјите од Блискиот Исток и од северна Африка конзумираат половина од целиот индиски извоз. Во пари тоа е 217 милијарди долари стоки на годишно ниво. По таа рута кон Индија патува и 30 отсто од целиот индиски увоз кој на годишно ниво изнесува 205 милијарди долари.

Освен ориз Индија е голем извозник и на говедско месо, грозје, чај, зачини. Од друга страна Индија е голем увозник на вештачки ѓубрива неопходни за производство на храна, сончогледово масло (претежно од Украина и Русија), но и на машини и електронски компоненти кои досега патуваа низ рутата во Црвеното море.

Ова дава јасна слика за тоа колкав проблем прави нестабилноста во Црвеното море за Индија и државите од Европа, Северна Америка и Блискиот исток кои се увозници, но исто така и извезуваат стоки во Индија. Токму овој акутен и засега нерешлив проблем со Хутите кои и покрај американско-британските напади не престануваат со агресијата врз трговските бродови наскоро ќе направи силна ескалација во цените на некои прехранбени продукти во Европа и во земјите на Блискиот Исток, но ќе го поремети и работењето на бројни фирми од Европа и САД кои сега досега извезува во Индија.

Токму заради тоа аналитичарите се загрижени дека ескалацијата на воените судири во Црвеното море секој нареден ден се повеќе ќе ја чини и загрозува и така кревката светска економија.

Испораките кон и од Европа до Индија сега веќе доцнат во просек од 21 до 28 дена. Според експерт од индискиот тинк-тенк центар РИСДЦ, Сачин Чатурведи кризата со транспортот до крај на март ќе ги зголеми трошоците на Индија за 30 милијарди долари.

Според ММФ безбедносната криза предизвикана од Хутите за период од два месеци заклучно со 28 јануари протокот на бродови за превоз на стоки низ Црвено море и Суецкиот канал е намален за 46 отсто, а турите околу Африка преку Ртот Добра надеж се зголемени за над 30 отсто.

Р.Ф.

foto EPA

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија