17 Април, 2025
0.0259

Како изгледа претприемништвото кога ќе го исклучите „Copy-Paste“ пристапот?

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2025 12:29

Добивај вести на Viber

Идеите се лесни - вистинскиот предизвик е да ги претворите во нешто што функционира. Минатата недела, во Битола, 40 млади претприемачи од југозападниот регион не слушаа мотивациски говори. Наместо тоа, влегоа во процес – размислуваа, експериментираа, тестираа и учеа од грешките во реално време.

Добредојдовте во ProBiz Superpowers – серијата работилници на ПроКредит Банка што не нуди готови одговори, туку поставува подобри прашања. Под водство на Александар Стамболиев и Никола Огненовски од Акцелераторот УКИМ, учесниците ја искусија моќта на Design Thinking – методологија што ја користат Airbnb, Google и IBM за да создадат интелигентни решенија.

„Додека повеќето стартапи тргнуваат од ‘одлична идеја’, вистински успешните почнуваат од проблемот што треба да се реши,“ велат од Акцелераторот УКИМ, истакнувајќи дека Design Thinking им помага на претприемачите да тестираат идеи пред да потрошат време и ресурси на нешто што можеби никому не му треба.

Но, зошто сето ова во Битола?

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР, преку серијата дисперзирани ProBiz настани, оди чекор понапред од повеќето финансиски институции– инвестира во знаење, а не само во капитал. Преку програмата за Млади претприемачи, ПроКредит и ЕБОР не нудат само олеснет пристап до кредитирање, туку и конкретни алатки за младите бизниси да се развијат на паметен, одржлив начин.

„Не станува збор само за поддршка преку финансирање, туку за создавање нова генерација претприемачи кои не ги копираат грешките на претходните. Овие не се само работилници – ова е можност да го предизвикаме начинот на кој размислуваме за бизнис,“ велат од банката.

Вториот настан ProBiz Superpowers заврши, но вратите за оние што размислуваат поинаку остануваат отворени. Следните иницијативи се веќе во подготовка. Следете ги и вклучете се на следната бесплатна обука.

Програмата на ЕБОР “Млади во бизнис” е поддржана од Европската Унија, Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

Програмата Youth in Business во Македонија се пласира единствено преку ПроКредит Банка.Програмата им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, експертиза, финансии и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал. Целта на програмата е да поттикне раст, иновации и финансиско зајакнување, со што ќе се редефинира пејзажот за малите и средни бизниси кои се двигателите на економскиот развој во земјава.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

Царинска несигурност – висока нестабилност на пазарите

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

УНИБанка АД Скопје ќе ја исплати третата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници од третата емисија

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

„Часови без часовник“ и „Џез, буки, веди“ – за крај на второто издание на „Видик“

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Придружете се на младинско движење за интернет без омраза

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

Зошто пробиотиците се важни во сезоната на грип и пролетта?

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

СУПЕР ДОБИТЕН МАРТ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ ИМ ИСПЛАТИ 64.182.837 ДЕНАРИ

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Врвот на бизнис елеганцијата: новиот Audi A6 Sedan

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење

Samsung Electronics го најавува почетокот на продажбата на својата иновативна линија на апарати за домаќинство за 2025 година за унапредување на паметното живеење