Како канџите на Путин нанесуваат удар врз руската економија
Објавено во: Анализа 27 Септември, 2016 23:45
Додека претседателот Владимир Путин ги става уште поцврсто канџите врз власта по сомнителните избори, кои донесоа апсолутно мнозинство на неговата партија, Русија паѓа во континуирана стагнација. Министерството за економија ја коригира надолу прогнозата до 2019 година, откако уште сега се очекува економскиот раст на земјата да биде уште полош во однос на растот на светската економија, пишува Леонид Бершидски за агенцијата Блумберг. Во овој контекст, ќе продолжат геополитичките игри на Путин и смената на генерациите во неговиот тим, а резултатот ќе биде Русија со две брзини, прогнозира аналитичарот.
Се поголемата воена и политичка самоуверонст на рускиот претседател се исплаќа. Тој не се откажа од Крим, ги изнервира и дезориентира западните ривали со т. н. „хибридна војна“, која вклучува сè - од непризнаени воени операции до хакерски активности. Неговата поддршка за се поголемите популистички движења во Европа ја прави Европската унија (ЕУ) помалку опасна за него како непријател, а освен тоа си изгради силна позиција во Сирија, додава тој.
Ако ја следиме логиката на обидите на Путин да го натера Западот да ја преиспита глобалната улога на Русија во светската политика, станува јасно дека тој не само што ја завршил првата фаза од битката за постигнување на своите аспирации (2014-2016 година) речиси без жртви, но исто така ги започна подготовките за нова фаза на „герилска војна“ против Западот, пишува и политикологот Александар Морозов на својата страница во Фејсбук.
Морозов со оглед на неодамнешните промени во рускиот апарат за безбедност и мноштвото кадровски промени кои даваат поголема улога на нова генерација бирократи и идеолози, на кои Путин не им должи ништо, но тие му должат нешто.
По изборите рускиот претседател го направи претседателот на претходниот парламент, Сергеј Наришкин, кој е поранешен разузнавач, шеф на руската служба за надворешно разузнавање, и ја предаде претседателската функција на Вјачеслав Володин, поранешен прв заменик-шеф на владината администрација. Тој беше натоварен со организирањето на изборите и ја подготви победата на партијата, која го поддржува Путин.
Московскиот весник „Комерсант“ неодамна објави дека Путин наскоро може да ја заврши реформата во безбедносниот сектор, откако ќе концентрира повеќе власт во внатрешното разузнавање, познато како Федералната служба за безбедност (ФСС). Весникот прогнозира дека ФСС наскоро ќе го проголта надворешното разузнавање и ќе преземе повеќе истражни функции, проширувајќи се до димензиите и влијанието на КГБ од советската ера.
Во областа на безбедноста и надворешната политика, Путин е успешен автократ, способен да ја консолидира својата власт и да донесува промислена одлука. За економски прашања, сепак тој е неук и Русија е на ракрсница. Улогата на силните технократски екипи во министерствата за економија и финансии, како и во централната банка, се сведува главно да го одржуваат статус квото. А тоа изгледа мрачно во нивните описи.
Новата прогноза се базира на цена на нафтата од 40 долари за барел до крајот на 2019 година, што е малку под сегашното ниво. Прогнозата ја прилагоди овогодинешната цел за бруто домашниот производ од -0,2% на -0,6%, како и целниот раст за следните три години. Тоа значи дека Русија ќе заостанува зад остатокот од светот токму кога Путин се обидува да ја направи поопасна и поактивна светска сила.
Овие приоритети би биле некомпатибилни од гледна точка на здравиот разум. Насочени нанадвор, самоувереноста и затегнувањето на внатрешната контрола се скапи. Меѓу новоизбраните пратеници се зборува за зголемување на даноците - пример за отстранување на рамниот 13% данок на доход, кој даде поттик на руската економија во почетокот на милениумот, и за враќање кон прогресивна скала. Но тоа ќе наштети на бизнисот, кој веќе чуствува потешкотии поради рецесијата и прекумерната владина контрола.
Како и во последните две години, Министерството за финансии и централната банка веројатно ќе ги намалат буџетскиот дефицит со други средства. Засега.
На 22 септември Русија прокнижи еврообврзници во вредност 1,25 милијарди долари. Барањето беше многу поголемо од понудата и емисијата беше распродадена при камата од 3,9%, што не е лошо за толку стагнирана економија како руската. Странските инвеститори ја ограбија, иако западни банки не учествуваа во решавањето на пласирањето, а државната „VTB Capital“ беше организатор на емисијата.
Руското Министерство за финансии договори најголемата европска компанија за финансиски услуги „Euroclear“ да работи на неодамнешната емисија на обврзници. Значи од гледна точка на инвеститорите, овие алатки се безбеден остров за приходи во море од негативна профитабилност. И покрај економските санкции против Русија, Москва може и ќе продолжи да зема кредити од странство.
Истовремено централната банка го зголемува емисиското финансирање на буџетот, односно печати рубљи, за да купува девизи од владините резервни фондови. Валутата останува дел од руските меѓународни резерви, преместувајќи се од едниот џеб во другиот и трилиони новонапечатани рубљи се ставија во економијата. Ова треба да изврши притисок надолу врз курсот на рубљата и дури на потрошувачките цени, поради што Министерството за економија ја намали прогнозата за инфлацијата за оваа година од 6,5% на 5,8% проценти.
Останува да се види дали централната банка ќе може да ја одржува инфлацијата толку ниско, додека владата брза да го намали буџетскиот дефицит.
Обичните Руси досега ја плаќаат цената на економската стагнација и политичката хиперактивност. Во август нивниот реален приход падна за 8,3% во однос на претходната година според официјалната статистика. Ова е најголемото намалување во споредба со останатите месеци по екот на светската економска криза во декември 2008 година
Досега Русите беа трпеливи. Сепак ако изненадувачки слабиот одѕив на парламентарните избори е некаков сигнал, чувството дека се разграничуваат од системот на Путин се засилува. Ако Путин не го насочи вниманието кон стимулирање на економскиот раст, трпението може да почне да „истекува“, претворајќи ја здравата внатрешна контрола во негов водечки приоритет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





