Како короната ја преполови добивката на „Фершпед“?
Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020
Короната значајно ја забави домашната економија, а тоа е очигледно и од работењето на домашните шпедиции. Гиганот меѓу нив „Фершпед“ годинава има пад на приходите од продажба за 19 отсто во споредба со истиот период лани и пад на нето добвката за 46 отсто.
Колку пандемијата со корона вирусот негативно влијае врз домашната економија може да се согледа преку работењето на шпедитерските компании кои го организираат транспортот на извозните и на увозните компании во земјава.
Најголемата шпедитерска домашна компанија „Фершпед“ во првите девет месеци годинава има пад на приходите од продажба на своите услуги за 19 отсто и тоа е резултат на вонредните економски услови во кои функционира нашата национална економија без разлика дали е извозно или е увозно ориентирана.
За првите девет месеци годинава „Фершпед“ остварил приходи од продажба во износ од 35,3 милиони евра. Од тоа продажбата на шпедитерски услуги на домашниот пазар изнесува 18 отсто помалку од истиот период лани односно 33,2 милиони евра. Процентуално падот е поголем на услугите од извоз. Односно на странски пазари шпедитерските услуги се намалени за 30 отсто во споредба со истиот период лани и изнесуваат 2,1 милиони евра.
Оперативните расходи на друштвото за овој период изнесуваат 34,7 милиони евра и тоа е за 18 отсто помалку од истиот период лани. Најголемо учество во расходите имаат трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци кои изнесуваат 28,6 милиони евра односно 10 отсто помалку од истиот период лани.
Оперативната добивка на друштвото за овој период изнесуав 742.000 евра и тоа е за 39 отсто помалку од лани.
Значајно за акционерите на друштвото е тоа „Фершпед“ успеал во голема мерка да ги намали финансиските расходи во споредба со истиот период лани. На крајот на септември годинава тие изнесуваат 31.000 евра и тоа е за 53 отсто помалку од лани.
Нето добивката на „Фершпед“ за првите девет месеци годинава изнесува 658.000 евра и во однос на истиот период минатата година е пониска за 46 отсто.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.