28 Септември, 2024
0.0242

Како кризата влијаеше на САД – водечка сила или глобален партнер?

Објавено во: Анализа 25 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Кризата во Украина е дефинирана од многумина аналитичари како уште еден доказ за намаленото влијание на САД како глобална сила. Други излегоа со тезата дека Русија се обидува да ги консолидира најголемите економии - Бразил, Индија и Кина, во сојуз против Западот. Додека и во двете тврдења има познати вистини, секое едно од нив е силно претерување, како и идејата дека можноста на САД да создаде безбеден и просперитетен меѓународен систем, се намалува, пишува професорот во Stanford University Брус Џонс за Project Syndicate. Последните неколку години беа тешки за САД. По две долги и исцрпувачки војни повлекувањето на американските сили од Авганистан се одолговлекува. Русија и Кина го попречија обидот на САД да најдат дипломатско решение на ситуацијата во Сирија. Во исто време растечката доверба на Кина во јужното и источно Кинеско Море и се заканува на САД со доминација во регионот и го зголемува ризикот од конфликт со најблискиот партнер на САД - Јапонија. Во меѓувреме повеќето од американските партнери во Европа се заглавија во економска несигурност. И иако американската економија се опоравува од кризата, нејзиниот углед претрпе сериозен удар. И покрај сето тоа САД сепка остануваат највлијателната глобална сила, а голем придонес за ова се врските кои тие ги поддржуваат. Целото внимание е насочено кон растот на Кина и во помал степен на Индија и Бразил, што ги засени успесите на американските сојузници како Јужна Кореја, Турција, Индонезија и Германија. Всушност повеќето од најсилните економии во светот соработуваат со САД . Покрај тоа растечките пазари остануваат силно поделени наместо во унија. Интересите на развиените и земјите во развој се залагаат доста повеќе отколку што претпоставува мотото "Западот против останатите ". Земјите во развој често имаат повеќе заеднички интереси со нивните западни партнери, отколку едни со други. Во таква ситуација дури највлијателните земји кои не соработуваат со САД, преферираат да го зголемуваат своето присуство во веќе воспоставен систем, наместо да се противат. На крајот на краиштата тие го имаат постигнато својот раст токму преку интеграцијата во глобалниот економски систем. Дури и Кина, која се стреми да ги надмине САД во некои сфери, нема друг избор освен да соработува со нив и нивните сојузници во голем број надворешно политички прашања. Кина може да го оспори лидерството на САД само ако и други ја следат, а кандидатите за тоа се уште малку. Единствено Русија се покажа како спротивна страна за време на финансиската криза, во Сирија, а сега и во Украина. Пазарите од своја страна имаат склоноста да бараат ривалство или барем автономија, корените на што можеби треба да ги бараме во т.н. "психологија на растот". Тие сепак знаат дека премногу агресивен пристап во однос на САД би ги загрозил нивните глобални економски интереси и слободното движење на стоките по морските и воздушните патишта. Ова важи во особена мера за Кина, бидејќи нејзината внатрешна стабилност и надворешно влијание зависат во голема мера од нејзината способност да одржува силен економски раст, што бара поголем раст на увозот на енергија и други природни ресурси. За да си обезбеди непречен пристап до нив, Кина има потреба од стабилност во земјите од кои ги добива, како и на пазарите во кои може да се инвестира, и во ходниците кои ја поврзуваат со добавувачите. А можноста на Кина да ги обезбеди тие услови е силно ограничена (во Персискиот залив на пример) и силно зависна од американските воени сили. Накратко, наоѓање на рамнотежата помеѓу налетите на ривалство и овој на апстиненција е најважното нешто во современата надворешна политика. А засега светскиот баланс цели кон апстиненција. Се разбира, САД сигурно ќе се соочат против нови предизвици, од кои сите можеме да видиме во Украина. Државите ќе бидат ставени на крстопат дали да ги одржуваат врските со САД, или да создадат нови такви со Кина. Сложениот глобален систем, во кој се вткаени американските интереси, ќе ги тестираат способностите на американската дипломатија. Можеби најголемите тешкотии ќе дојдат од веројатноста растечките економии да преферираат самостојност наместо унија. Кина и Индија може и да не се задоволни од руските дејствија во Украина, но ниту една од земјите во развој не си дозволи да гласа против Русија на Генералното собрание на ОН. Единствено Кина зазеде најмногу тврда позиција, и се воздржа во Советот за безбедност. Земјите во развој не застануваат зад Русија, но и не го поддржуваат Западот во неговите обиди да ја изолира. На крајот на краиштата, природна еволуција на светот нагласува Најважната предност на САД - нивната можност да создаваат широки и хетерогени коалиции. Бројот на сојузите и врските кои тие ги имаат изградено, вклучувајќи со некои од повидливите сили, далеку ја надминува онаа на која и да е друга светска сила. Нема сомневање дека САД веќе не се неспорна сила која беа во крајот на Студената војна, но тие засега остануваат на водаческото место. K.K.