15 Декември, 2025
0.0291

Како квасец растат буџетските расходи, но што со капиталните инвестиции?

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 08:46

Добивај вести на Viber

Во услови на рекордни државни буџети и слаба реализација на капиталните проекти, се поставува прашањето за што всушност се трошат парите кои државата ги собира од давачките на граѓаните и компаниите.

Буџетот на Република Македонија во последните 15 години речиси тројно се зголеми. Во 2009 година тогашната Влада на Никола Груевски го проектирала државниот буџет на 2.2 милијарди евра, за сега државната каса да тежи над 5 милијарди евра.

За првпат државата собра над 3 милијарди евра во 2016 година, всушност кога беше и последната година на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

По раситнувањето на „тројката“, во период од само неколку години владите предводени од СДСМ креираа буџети вредни по 4 и по 5 милијарди евра годишно, и само прашање на време е кога државниот буџет ќе достигне 6 милијарди евра за трошоци и расходи со кои ќе располага власта.

Износ на расходите во буџетот по години

Година  Буџет на РМ (расходи во милијарди евра)

2009   2.2

2010   2.3

2011   2.4

2012   2.5

2013   2.6

2014   2.7

2015   2.9

2016   3.01

2017   3.1

2018   3.2

2019   3.9

2020   4.1

2021   4.02

2022   4.4

2023   5.2

Извор: Министерство за финансии

Потфрлаат капиталните расходи, а растат расходите за плати на функционери

Речиси секоја година Владата се фали со износот на капиталните инвестиции кој планира да го потроши во проектираниот буџет, но речиси секогаш се покажува дека реализацијата на планираните капитални расходи не надминува 80 отсто.

Исто така со ребалансите на буџетот кои се случуваат како по правило барем еднаш годишно „први на удар“ се токму капиталните расходи, па така од првичната проекција нивниот износ значително се намалува.

Едноставно кажано добар дел од буџетот се користи за социјални трансфери и плати на функционери, како и на државната администрација, додека во развојни проекти се вложува речиси незначителна сума споредено со целиот потенцијал.

Од 2017 година па наваму Владата, во двата мандати на СДСМ има просечна реализација на капиталните расходи од 75 отсто. Истовремено ја бележи и најслабата година на капитални расходи, кога на пример во 2018 година потроши само 197.5 милиони евра државни пари за капитални проекти, со речиси историски најслаба реализација од 67 отсто на предвидениот капителен потенцијал. 

Најмногу пари во капитални проекти според извештаите на Министерството за финансии биле потрошени лани, односно за капитални проекти со реализација од околу 75отсто биле одвоени 465 милиони евра.

Сепак, ако се спореди со растот на парите кои државата ги прибира во државната каса, од просечните 3 милијарди на почетокот на првиот мандат на СДСМ по 2016 година и сегашниот просек на државниот буџет од околу 5 милијадри, тогаш самиот износ на капитални расходи како дел од буџетот е во рамки на претходните просеци.

Износ и реализација на капиталните инвестиции по години

Година  Реализација  Износ (во милиони евра)

2022   75%  465

2021   78%  380

2020   67%*  262

2019   78%  289

2018   65%  197.5

2017   84%   323

Забелешка: Реализацијата на капиталните инвестиции со ребалансот на буџетот во 2020 година достигнува 82% 

Х. С. 

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети