25 Ноември, 2024
0.0270

Како „Либерти“ направи профит од 30 милиони евра?

Објавено во: Економија 11 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Скопската челичарница со ново име и сопственици „Либерти“лани оствари профит од 30,4 милиони евра. Генератор на огромниот профит се останатите оперативнит приходи кои лани биле 31,9 милиони евра и се 343 пати поголеми од 2019 година. Во образложението кон финансиските резултати нема ниту збор за оваа супер ставка

Скопскиот производител натопло и ладно валани челични котури и лимови „Либерти“ лани имаше фантастична година од аспект на остварениот профит од своето работење. Добивката на челичарницата изнесува 30,4 милиони евра и е резултат на останатите оперативни приходи.

„Либерти“ е поранешен Арчелор Миттал во скопската железарница и компанијата лани имала ист обем на приходи од продажба како и во 2019 година. Вкупната продажба лани изнесува 106,05 милиони евра и овде нема поместување во споредба со 2019 година. Доминантно е учеството на извозот кој учествува со 87,5 милиони евра и бележи раст од 1 отсто. Продажбата дома во вкупната продажба учествувала со 18,5 милиони евра и бележи пад од 2 отсто во споредба со претходната споредбена година.

Клучот на супер добивката е во останатите оперативни приходи кои лани во споредба со 2019 година се повисоки за 343 пати! Лани изнесуваат 31,9 милиони евра. И тие го имаат доминантното влијание во креирањето на оперативната добивка, но и на нето добивката која изнесува 30,4 милиони евра.

Од билансот на успех е видливо дека друштвото лани менаџирало пооптимално со залихите во споредба со претходната година. Оперативните трошоци на „Либерти“ лани се 100,7 милиони евра, а најголема расходна ставка се трошоците за суровини кои изнесуваат 85,5 милиони евра и во споредба со лани се пониски за 13 отсто.

Одговор за магијата со останатите оперативни приходи на друштвото не може да се најде, во образложението ниту пак во паричните текови за 2020 година.

Од билансот на состојба е евидентно дека оваа компанија, која во 2019 година имаше загуба од 7 милиони евра, сега освен супер добивката успеала и да ги намали обврските за 45 отсто. На крај на 2020 година тие изнесуваат 45,2 милиони евра и во нив тековните обврски учествуваат со 25,5 милиони евра, а долгорочните обврски на друштвото се 19,7 милиони евра.

Мнозински акционер во компанијата е „Либерти Холд Цо“ со 93,4 отсто од акциите со право на глас. Друштвото има над 2.200 мали домашни акционери физички лица кои поседуваат над 4,7 отсто од акциите.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот