КАКО МАКЕДОНЕЦ ПОКРЕНА СЕКСУАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ИНДИЈА: Бизнисот му цвета иако населението е поделено
Објавено во: Финансии 11 Март, 2018 12:16
Македонецот Благој (Блаже) Аризанов (29) дошол на идеја да отвори ланец хотели во Индија, во кои невенчаните двојки би можеле да дојдат на интимно дружење. Сепак, Индија не е земја каде тоа е прифатено однесување.
Полицијата почнала да упаѓа во хотели во Мумбаи и уапсила повеќе од 40 невенчани парови. Сите биле обвинети. Студентите биле приморани да ги повикаат своите родители и да признаат што правеле.
Нивното кривично дело било „непримерно однесување во јавност“, рекла полицијата. За двојките без венчан сертификат во Индија - посебно оние од различни религии-поминувањето на време во хотелска соба заедно уште е мака.
Но, таму каде многу Индијци гледаат неморал, други виделе шанса.
„Ние ви гарантираме. Нема тропање на врата, нема чудни погледи, нема прашања“, вели хотелскиот претприемач Аризанов, пишува Гардијан.
Lust in translation: arrival of the 'love hotel' (#StayUncle) divides India https://t.co/b7egxXEtIe
— SkepticAfro (@skepticafro) March 9, 2018
Веќе речиси три години Македонецот Аризанов и неговиот индиски партнер Санчит Сети, тежат кон тоа да направат верзија на „љубовни хотели“ за краток престој како оние во Јапонија, наменети за средби во Индија.
„StayUncle“, нивната компанија остварила вкупна заработка од 3 милиони долари.
„StayUncle“ почнал во 2015 година продавајќи полудневен престој наменет за бизнис луѓе кои сакаат да се одморат или освежат. Но продажбата била бавна.
„Тоа не е проблем околу кој на луѓето им требаше помош. Како стартап, сакате да решите проблем кој е од големо значење“, рекол Аризанов.
„Моравме да знаеме дека доаѓаат кај нас бидејќи не можеле да резервираат хотел во кој работат локални луѓе. Тоа беше трагична работа, но можеби и прилика која ја баравме сето ова време“, рекол Аризанов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





