Како Македонија да излезе од сиромаштија?
Објавено во: Економија 22 Декември, 2020
Македонија долго време се вбројува меѓу најсиромашните земји во Европа.
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека земјава е трета најсиромашна на европскиот континент. Посиромашни од Македонците се само Албанците и Босанците.
Ќе бидат требаат децении за да ги достигнеме економските стандарди на остатокот од ЕУ. Македонија е меѓу земјите оценети дека имаат слаб економски потенцијал. Но, за намалувањето на сиромаштијата ќе треба подолго време да се вложуваат напори. Весна Димитриевска, социолог кој долго време работи на тема општествена нееднаквост, вели дека едно е науката, но нешто сосема друго е во пракса, посебно во време кога светот го демне еден страшен непријател. Во вакви услови лимитирани се можностите за борба со сиромаштија. Таа додава дека оваа тема е многу компексна, а ситуацијата е хаотична.
„Доколку постои волја за намалувањето на сиромаштијата, механизми секако дека има, но во ова постмодерно општество повеќе се води сметка за интересите на поединецот, отколку на колективот. Секој го гледа личниот интерес, а малку мисли на хуманите потреби на другите“, рече Димитриевска.
Според неа, новата состојба во која се наоѓаме дава можности за манипулации.
Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место. БДП по глава на жител се движел од 53 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 260 отсто во Луксембург. Но, Македонија пак има најевтина храна и пијалоци во Европа, додека Швајцарија е најскапа. Статистиката на Евростат покажува дека во нашата земја граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци и тутун од сите 37 држави на европско тло. За основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61 отсто од средствата на ЕУ просекот. Доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.