Добивај вести на Viber
По два основи со години наназад „Макпетрол“ има загуби во работењето кои ги прави заради „крутоста“ или „кратковидоста“ на Регулаторната комисија за енергетика. Заради тоа што РКЕ не му признава реални трошоци, му намалува маржа и не продуцира регулатива за намешување биодизел, компанијата губи многу пари. Дали со нов сопственик во „Макпетрол“ и РКЕ може да го смени својот однос?
„Макпетрол“ со години наназад се жали на односот на Регулаторната комисија за енергетика. Менаџерите на компанијата, што во значајна мерка е оценка што ја делат независни експерти, велат дека „Макпетрол“ е во политичка немилост и дека заради тоа компанијата трпи штети во милиони евра. Тоа се штети кои ги продуцира РКЕ преку својата политика на одлучување. Заради тоа што таа е единствена надлежна инстанца во нашата земја што ги утврдува максималните цени на дериватите на нашиот регулиран пазар. Воедно таа одлучува и има надлежности и за кратење или зголемување на трошоци на компанијата што произлегуваат од нејзиното работење, а кое подлежи на регулација.
Ако се прочита официјалниот годишен извештај на „Макпетрол“ ќе се заклучи дека заради односот и одлуките на РКЕ компанијата лани изгубила 6,6 милиони евра. За што се работи?
Прво, РКЕ ја намалила дополнителната маржа што „Макпетрол“ има право да ја наплати, а тоа според менаџментот се должи на лошиот сооднос на реалните и на пропишаните цени. Тука во овој случај „Макпетрол“ директно ја обвиува РКЕ за загуба од 279,5 милиони денари (околу 4,5 милиони евра) и тоа од причина што пропишаните набавни цени не се соодветни на реалните и тие се непроменети од 2003 година. Рака на срце овој правилник и цените важат и за другите продавачи на пазарот на мало на нафтени деривати.
Втора работа е тоа шт нема регулатива со која ќе се утврди и уреди задолжително намешување на дизел горивата со чист биодизел, согласно со еколошките стандарди и европското законодавство. Заради тоа што не постои регулатива „Макпетрол“ се жали на нелојална конкуренција и на загуби од работењето на неговата рафинерија за биодизел. За лани загубата изнесува 127,7 милиони денари (надминува 2,1 милиони евра) и тоа заради фактот што сега во овој режим биорафинеријата работи со минимален капацитет што е далеку од оптимален режим на работа.
Третиот голем проблем на „Макпетрол“ е тоа што сам го плаќа одржувањето на скалдовите за нафтени деривати кои се во мешовита сопственост со Агенцијата за стокови резерви и со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Токму заради тоа и пред некои време „Макпетрол“ најабави дека не бара продолжување на таа лиценца. РКЕ најде основ и му ја продолжи лиценцата за период од една година и тоа го направи без барање од „Макпетрол“.
Факт е дека овие расходи сега негативно се одразуваат на работењето на „Макпетрол“. Дали е можно да се сменат со евентуално превземање на компанијата? На потег ќе биде РКЕ!!!
Р.Ф.