05 Декември, 2025
0.1109

Како Меркел ги решава штрајкувачите

Објавено во: Анализа 24 Мај, 2015 11:30

Добивај вести на Viber

Колективниот работнички договор е "највисока вредност", сака да рече германскиот канцелар Ангела Меркел (CDU). Го посочи тоа и оваа недела - уште еднаш. "Тоа е заштитено со Уставот, како и е заштитено од секаква интервенција на владата", изјави портпаролот на Меркел Штефан Заијберт малку пред синдикатот на германските машиновозачи GDL да го прекине барем засега штрајкот. Во ова тврдење во суштина се убедени речиси сите правници во Германија, без разлика дали се специјалисти по уставно или трудово законодавство. Станува збор за закон, кој ќе го ограничи влијанието на по-малите синдикати, чии штрајкови го парализираа железничкиот и авио транспортот во последните месеци заради спорови за плати. "Една компанија, еден договор за платите. Тоа е принцип со долга традиција во Германија и според мене е добар принцип ", изјави министерот на труд и социјална политика Андреа Налес пред парламентот. Според неа преговорите кои течат во моментов со помош на медијатори меѓу GDL и Deutsche Bahn се имено во духот на законот. Текстот беше усвоен со широко мнозинство во поединечно гласање - 448 пратеници гласаа за законот, 126 - против, а 16 парламентарци се воздржани. Законот ќе биде разгледан од горниот дом на германскиот парламент (Бундестаг) на 12 јуни и се очекува да влезе во сила во јули. Тој, сепак e доста контроверзен од гледна точка на трудовото и уставното право, забележува Spiegel. Тој предвидува во компании со неколку договори да важи само договорот, склучен од синдикатот со најмногу членови. На негова основа судовите ќе можат да забрануваат штрајкови по спорови за платите, прогласени од помалите синдикати. Така различни во големина колективни договоир во рамките на едно исто претпријатие и група вработени веќе нема да се дозволени. Слични текстови се дискутираат со години во Германија, но најверојатно испадот, предизвикан од последниот штрајкувачки бран на GDL го забрза процесот. Според опозициските партии Левите и Сојуз90 / Зелени законот посегнува на правото на штрајк, со што се нарушува уставот. Синдикалното повторно обединување DBB, дел од кое е синдикатот на машинистите GDL, изјави од своја страна, дека ќе се обрати до Уставниот суд. Во GDL членуваат 20 000 од машиновозачите од железничкиот операторот Deutsche Bahn и објавените од синдикатот штрајкови ги парализираа активностите на целата компанија, која има 200 000 вработени. Девет штрајкови, спроведени за период од 10 месеци, засегнаа 5,5 милиони луѓе, кои секој ден патуваат со воз, како и економските сектори, кои се потпираат на товарниот железнички превози. Според проценки на економистите штрајковите ја чинеле германската економија до 100 милиони евра дневно. Големи економски штета нанесоа и штрајковите во авиопревозникот Lufthansa. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени