06 Декември, 2025
0.0761

Како Министерството за финансии го зголеми долгот во државни хартии за 60 дена ?

Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2018 08:37

Добивај вести на Viber

Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека од крај на ноември лани до крај на јануари годинава државниот долг во записи и обврзници кумулативно е поголем за 319,75 милиони денари односно 5 милиони евра. Министерството позајмило и го зголемило долгот кај 4 хартии од вредност и тоа за 4,153 милијарди денари, а го намалило долгот кај 2 хартии од вредност за 3,835 милијарди денари.

Вкупниот долг на државата односно на нас даночните обврзници изразен во државни хартии од вредност (записи и обврзници) на 29 јануари годинава изнесува 92,58 милијарди денари денари, објави Министерството за финансии. Во споредба со последните јавно достапни податоци кои исто така ги објави министерството долгот изразен во државни хартии од вредност на крајот на ноември лани изнесувал 92,26 милијарди денари. Реално државниот долг во хартии во вредност е зголемен за повеќе од 5 милиони евра за 60 дена.

Колку е зголемен долгот и каде?

Официјалните податоци покажуваат дека Министерството за финансии го зголемува задолжувањето на државните обврзници со рок на отплата на 15 години, на 10 години и на 3 години и кај државните записи со рок на отплата од 6 месеци. Вкупно кај четирите типа обврзници и записи за 60 дена долгот е зголемен за 4,153 милијарди денари односно 63,7 милиони евра.

Што вратиле со новото задолжување?

Фокус во враќање долг е ставен кај годишната обврзница со рок на отплата од пет години. Во последните 60 дена (од 30 ноември 2017 година до 29 јануари 2018 година) Министерството за финансии вратило 2,71 милијарда денари односно 43,9 милиони евра кај оваа обврзница. Уште 1,125 милијарди денари односно 18,23 милиони евра се вратени кај државните записи со рок на враќање од 12 месеци. 

Податоците за задолжувањето водат кон заклучок дека стратегијата на Министерството за финансии е задолжување на долг рок. Тоа во принцип носи пониска каматна стапка, но повеќе пари за отплата токму заради рокот на враќање.

Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција