11 Декември, 2025
0.0542

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2025 08:01

Добивај вести на Viber

Проектот SENE3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување на интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и регионалните центри за управување со отпад преку јакнење на капацитетите, техничка помош и активности за подигање на јавната свест. Проектот промовира ефикасно собирање на отпад, рециклирање и намалување на количествата отпад, придонесувајќи кон почисти региони, подобри јавни услуги и посилна заштита на животната средина, во согласност со стандардите на Европската Унија.

Во Источниот и Североисточниот регион се случува голема промена – промена што ќе донесе почиста околина, подобри услуги за управување со отпад и поздрави услови за живот за сите граѓани.

Преку проектот SENE3, поддржан од Европската Унија, се воспоставува целосно нов регионален систем за управување со отпад, кој ќе ги замени застарените и небезбедните практики кои што со децении влијаеја врз локалните заедници.

Проектот е осмислен за воспоставување современ, ефикасно и еколошки одговорен систем за управување со отпад, со цел да им помогне на граѓаните и на општините да разберат како системот да функционира непречено. Со воведувањето на принципите на циркуларната економија на Европската Унија, проектот укажува дека отпадот не претставува само проблем, туку и вреден ресурс кој може да се рециклира, повторно употреби и управува на начин на којшто ја штити природата и го подобрува секојдневието.

За граѓаните придобивките ќе бидат видливи. Почисти улици, позелени простори и побезбедно отстранување на отпадот наскоро ќе станат дел од секојдневниот живот во 18-те општини опфатени со проектот. Затворањето на нестандардните, нелегални депонии значи помало загадување на почвата и водата и престанок на согорување на отпад на отворено. Тоа значи почист воздух, помал ризик по здравјето и побезбедна околина за децата и семејствата.

Проектот SENE3 помага во создавање на поздрави заедници. Со елиминирање на согорувањето на отпадот на отворено и неконтролираните депонии, ќе се намали ризикот од респираторни и водозаразни заболувања. Почистите населби и зелените јавни површини ќе допринесат за градовите и селата да бидат попријатни места за живеење и работа.


Оваа трансформација оди рака под рака со зголемена јавна свест. Граѓаните се охрабруваат да ги одделуваат рециклабилните материјали, да практикуваат домашно компостирање и да ги користат новите собирни места за материјали коишто не припаѓаат во домашните садови за отпад — активно придонесувајќи за создавање почиста иднина. Со поддршка од Европската Унија, Источниот и Североисточниот регион укажуваат дека вистинскиот напредок започнува на локално ниво. Проектот SENE3 докажува дека со воспоставување на современи системи за управување со отпад и со заедничка работа на граѓаните, институциите и заедницата, сите ќе имаат бенефити. Почист, побезбеден и поодржлив живот повеќе не е идеја за иднината — тој веќе се случува денес, во Источниот и Североисточниот регион на Република Северна Македонија.


ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација