11 Декември, 2025
0.1728

Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2025 14:55

Добивај вести на Viber

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол – место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат, создавајќи шопинг искуство и доживувања за сите вкусови, дури и за најпребирливите. Лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица, центарот ги отвора своите врати оваа сабота (13.12.2025) во 12 часот и ве очекува да го почувствувате модерниот амбиент каде секој шопинг момент се надополнува со забава и пријатни мигови на релаксација. Отворањето ќе биде празник само по себе – со многу изненадувања и забава за најмладите со Дедо Мраз, интерактивни игри и анимации, за музичкиот дел ќе се погрижат два диџеја, ќе настапат и Лара Иванова и Trinity Band, а преку отворено студио на Радио Урбан ФМ, енергијата на настанот ќе се пренесува во живо.

Гевгелија Мол се наоѓа на само 200 метри од автопатот Е-75, на површина од 10.000 m², со впечатлива модерна архитектура и внимателно дизајнирани продавници кои создаваат атмосфера што веднаш плени, правејќи го секој чекор уживање, а секој момент незаборавен.

Молот нуди за секого по нешто – најголемото „Jumbo“ во Македонија, Duty Free / Travel Free продавница, ексклузивен Amore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови, па така посетителите ќе можат да се подноват со парчиња од Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino и многу други. Свој простор имаат и SOHO кафуле и M Outlet,кои дополнително ќе ја збогатат понудата на центарот, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.

Покрај модните брендови, во Гевгелија Мол се наоѓаат и VERO, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит,како и игротека и забавен парк за најмладите.

Специјално место во Молот зазема и SOHO Coffee house – бренд со врвен квалитет на кафе и атмосфера што брзо станува омилена на посетителите, каде секој може да направи пауза или да ужива во пријатен момент.

Со отворањето на Гевгелија Мол, регионот добива нов центар за возбудлив шопинг и за најпребирливите, место за прошетки, средби, практични набавки, забава за најмладите, за инспиративни моменти за сите вкусови и генерации.

Создаден со инвестиција од 10 милиони евра од „Монополист Инвест“, Молот носи нова енергија и дополнителни можности за градот и околината, обезбедувајќи модерен амбиент и многу опции на едно место кој извесно е дека ќе стане омилена дестинација за сите што бараат шопинг и забавa.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација